Џони Хогерланд

холандски друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Џони Хогерланд
Remove ads

Џони Хогерланд (холандски: Johnny Hoogerland; р. 13 мај 1983 ) — поранешен холандски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2004-2016 година.

Кратки факти Лични податоци, Прекар ...

Поради познатата тетоважа од бик на неговата рака и неговото потекло од полуостровот Зејд-Бевеланд го има добиено прекарот „Бикот од Бевеланд“.[1][2] Има углед на агресивен возач, кој сака да учествува во долги бегства.[3] Негова најголема победа е освојувањето на генералниот пласман на Три дена Западна Фландрија во 2009, каде освоил една етапа.[4]

Remove ads

Кариера

Во 2009, Хогерланд го освоил Три дена околу Западна Фландрија.[5] Тој завршил на 12. место на Трката околу Фландрија и во генералниот пласман на Вуелта.[6] Тој бил највисоко пласиран Холанѓанец во машката друмска трка на Светското првенство 2009, завршувајќи на 14. место.[7]

На Тур де Франс 2011 Хогерланд ја носел планинската маичка на шестата етапа. Откако ја изгубил на осмата етапа, тој повторно успеал да ја поврати на деветтата етапа. Во истата етапа, тој потоа бил инволвиран во драматична несреќа заедно со возачот од тимот Тим Скај Хуан Антонио Флеча (со кого заедно бил во бегство), откако Флеча бил удрен од автомобилот на Француската телевизија, предизвикувајќи Хогерланд да заврши во бодликавата жичена ограда. И покрај длабоките исеченици на неговиот грб, добивајќи 33 шава,[8] Хогерланд ја завршил етапа, губејќи скоро 17 минути како последица на несреќата.[9] Заеднички на Флеча и Хогерланд им била доделена наградата за издржливост за тој ден.[10]

На почетокот на февруари 2013, Хогерланд се судрил со автомобил додека тренирал во Шпанија, подготвувајќи се за Средоземната трка.[3] Тој бил примен во болница и било објавено дека имал пет скршени ребра, проблеми со црниот дроб и скршен пршлен во неговиот ’рберт. Се верувало дека ќе ја пропушти целата сезона на класиците.[11] На 23 јуни 2013 неочекувано го освоил државното првенство на Холандија.

Хогерланд му се приклучил на Андрони Џокатоли-Венецуела за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ[12], се распаднала на крајот на сезоната 2013.[13]

Во август 2014 година, Хогерланд бил најавен како прв член на новата холандска професионална континентална екипа Ромпот Оранџ Сајклинг Тим, подготвена за настап во сезоната 2015.[14][15]

Remove ads

Достигнувања

2001
1 јуниорска Трка околу Фландрија
2003
8. Краен пласман Трка Олимпија
2004
1. Етапа 2 Рубан Гранитие Бретон
2005
2. Париз-Рубе под 23 години
3. Брисел-Ингоигем
7. ГП Џеф Шеренс
8. Краен пласман Трка Олимпија
2006
10. Ронде ван Дренте
2007
2. Друвенкурс Оверејсе
8. Краен пласман Трка околу Словачка
1. Етапа 2
2008
1. Етапа 3 Класико Сиклистико Банфоандес
3. Краен пласман Трка Олимпија
3. Краен пласман Рингерика ГП
3. Друвенкурс Оверејсе
4. Краен пласман Тур де Бретања
4. Вламсе Пејл
4. Хел ван хет Мергеланд
5. Краен пласман Тур де Норманди
6. Краен пласман Трка околу Хокаидо
6. Ронде ван Дренте
7. Шал Селс-Мерксем
2009
1. Краен пласман Три дена во Западна Фландрија
1. Етапа 1
4. Краен пласман Етоал де Бесеже
5. Гран при д’Увертур ла Марселеза
5. Џиро ди Ломбардија
8. Трка околу Франкфурт
12. Краен пласман Вуелта а Еспања
14. Светско друмско првенство UCI
2010
Трка околу Полска
1. Планински пласман
1. Бодовен пласман
2. Гран при д’Увертур ла Марселеза
3. Краен пласман Средоземна трка
4. Друвенкурс Оверејсе
5. Краен пласман Трка околу Британија
1. Планински пласман
6. Хале-Ингоигем
2011
3. Краен пласман Етоал де Бесеже
4. Брабант Пејл
Тур де Франс
Ја носел точкестата маичка на етапите 6-7 и 9-11
Етапа 9
2012
3. Друвенкурс Оверејсе
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
7. Краен пласман Вуелта а Мурсија
8. ГП де Валони
8. Бинше-Турне-Бинше
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
2013
1. Национално друмско првенство
1. Амстел Курасао Рејс

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads