Андреј Маслинко
македонски кошаркар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Андреј Маслинко (роден на 20 мај 1997 во Скопје) — македонски кошаркар и репрезентативец кој настапува за МЗТ Аеродром.
Remove ads
Клупска кариера
Младинска кариера
Во сезоната 2012/13 настапувал за Партизан Водно Санс, во младинскиот состав до 16 години. Сезоната 2013/14, се преселил во Италија и играл младинската екипа на Стела Азура. Сезоната 2014/15, Маслинко настапил за сениорската екипа на второлигашот Стела Азура.[1] Во истата сезона, Маслинко играл и за сениорите на Виртус Валмонте, исто второлигаш.[2] Во 2015/16, Андреј бил во составот на младинската екипа на Пафони Омења.
Професионална кариера
За сезоната 2016/17, Маслинко се вратил во Македонија и потпишал за Работнички.[3][4] Следната сезона продолжил во МЗТ Аеродром.[5][6] Со МЗТ го освоил Купот 2018, а бил вицепрвак во Првенството. И за сезоната 2018/19, Маслинко продолжил во МЗТ.[7][8] Таа сезона, Маслинко со МЗТ го освоил македонското првенство. По завршувањето на сезоната, на Маслинко му истекол договорот со МЗТ Аеродром.[9] Но веќе во јули, Маслинко потпишал нов едносезонски договор со МЗТ за сезоната 2019/20.[10][11] За сезоната 2020/21, крајот на јуни 2020 година, тој потпишал едногодишен договор за нова соработка со МЗТ Аеродром.[12][13] Во мај, иако повреден и во играчко отсуство во тоа време, тој го освоил Купот на Македонија 2021.
Remove ads
Репрезентативна кариера
Младинска репрезентација
А репрезентација
Маслинко бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[14] Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Маслинко.[15] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[16]
Успеси
Титули
|
Признанија
|
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads