Бета Кобилица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бета Кобилица
Remove ads

Бета Кобилица - втората најсветла ѕвезда во јужното соѕвездие Кобилица . Го има официјалното име Miaplacidus; Бета Кобилица е Бајерово означување, која е латинизирана од β Carinae и скратено Beta Car или β Car. Со привидна ѕвездена величина од 1,68, таа е една од најсветлите ѕвезди на ноќно небо. Таа е најсветлата ѕвезда во јужниот астеризам позната како Дијамантски крст, означувајќи го југозападниот крај на астеризмот. Се наоѓа во близина на планетарната маглина IC 2448. Мерењата на паралаксата ја ставаат на растојание од 113.2 светлосни години од Сонцето.

Кратки факти Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000, Соѕвездие ...
Remove ads

Номенклатура

β Carinae (латинизирано во Beta Carinae ) претставува нејзино Бајерово означување.

Историското име на ѕвездата Мијаплацидус го имала своето деби на мапите на ѕвездите во 1856 година, кога бил објавен ѕвездениот атлас Географија на небото, составен од Илија Хинсдејл Бурит. Значењето и јазичното потекло на името останале енигма многу децении, додека Вилијам Хигинс, голем научник и експерт за имиња на ѕвезди, не претпоставил дека името Miaplacidus е очигледно двојазична комбинација на арапски مياه miyāh за „води“ и латински placidus за „смирени“. Првиот билтен на Работната група на МАС за имиња на ѕвезди од јули 2016 година вклучил табела со првите две групи имиња одобрени од групата; во кој била вклучена и Миаплацидус за оваа ѕвезда.[11]

На кинески,南船( Nán Chuán), што значи Јужен брод, се однесува на астеризам кој се состои од β Кобилица, V337 Кобилица, PP Кобилица, θ Кобилица и ω Кобилица.[12] Следствено, самата β Кобилица е позната како 南船五 (Nán Chuán wǔ, на македонски: Петтата ѕвезда на јужниот брод).[13]

Remove ads

Физички својства

Ѕвездената класификација на А1 III сугерира дека ова е еволуирана џиновска ѕвезда, иако Малањини и Мороси (1990) ја оцениле како А2 IV подџиновска ѕвезда. Има проценета старост од 260 милиони години. Оваа ѕвезда не покажува прекумерна емисија на инфрацрвено зрачење што инаку би можело да сугерира присуство на остаточен диск. Има околу 3,5 пати поголема маса од Сонцето и се проширила на речиси седум пати поголем од полупречникот на Сонцето. Во моментов зрачи 288 пати поголема сјајност од Сонцето од нејаинзтанадворешна обвивка на делотворна температура од 8.866 келвини. И покрај зголемениот обем, оваа ѕвезда сè уште покажува брза стапка на ротација, со проектирана ротациона брзина од 146 км/сек.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads