Билјана Станковска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Билјана Станковска (Дубровница, 20 јануари 1951 ) — македонска поетеса, раскажувач, писател за деца.[1][2] Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во Народната библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово. Член на ДПМ од 1994 година. Нејзината поезија и раскази се застапени во повеќе антологии. Преведена е на англиски, француски, кинески, српски, словенечки, бугарски и украински јазик.
Remove ads
Книжевно творештво
Билјана Станковска е автор на поетските книги[2][1]:
- Ограничен простор, 1986
- Светлооко небо, 1990
- Миг за пресоздавање, 1995
- Светлиот пат, 1996
- Сказни и сторенија за поколенија, 1999
- Реставрација на светлината, 2009
Како и следните раскази, драми и романи[1]:
- Заробен сон, раскази, 1993
- Стрес или погрешна нота; тв драма, 1994
- Разговорливи ветрови, роман, 2001
- Лето значајно како изгрев, роман за деца, 1999
- Мед и ѕвезди, драмска трилогија, 2006
- Замисли желба, роман, 2008
- Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните, роман за деца, 2011
- Сега сè е поинаку, збирка раскази, 2014
- Кога ветровите стивнуваат, роман, 2015
- Кој ги краде соништата, роман за деца, 2016
- Плетачката на тантели[3], роман, 2021
- Детелинки белинки[4], збирка современи бајки, 2022. Во збирката е застапена со бајката „Авантурите на едно мракче“
Remove ads
Награди
- „Даница Ручигај“ - најдобра поетска збирка за 2020 година
- „Ванчо Николески“ - најдобра детска книга за 2011 година за романот „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ (кој е и дел од лектирната литература во основното образование)
- Награда за ТВ драма на конкурсот на МТВ за „Стрес или погрешна нота";1994 година
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads