Висанско
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Висанско (грчки: Πευκόφυτο, Певкофито, до 1928. година Βύσαντσκο/ν, Висанцко/н[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 42 жители (2021).
Remove ads
Географија
Југозападно од Костур и Нестрам, во јужните пазуви на планината Грамошта, на самата граница на Македонија со Епир, е расположено селото Висанско. Покрај селото тече Коничка Река (Сарандапорос).[3]
Историја
Во постаро време селото претставувало чисто македонска населба, која била напуштена во воените години, а потоа била населена со Грци дојдени од Епир како сточари. Кон крајот на XIX век, Висанско е село во Борботската нахија во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Висанско имало 160 жители Грци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Висенско се води како чисто грчко село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[5]
Remove ads
Демографија
Селото според пописот од 1913 година имало 174 жители, во 1920 година 176, во 1928 година 231, а во 1940 година 322 жители. Селото настрадало во граѓанската војна, а населението целосно било повлечено во 1947 година, а вратено во 1950 година. Во пописот од 1951 селото има 166 жители. Главно занимање на населението е шумарство, а споредни се сточарството и земјоделството.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
