Географија на Европската Унија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Географијата на Европската Унија ги опишува географските одлики на Европската Унија (ЕУ), повеќедржавен политички ентитет кој зафаќа голем дел од Европа и опфаќа 4.422.773 квадратни километри.[1] Нејзината европска територија се протега североисточно до Финска, северозападно со Ирска, југоисточно со Кипар (остров кој е физичко графички дел од Азија) и југозападно до шпанските ексклави на средоземните брегови на Северна Африка. Покрај тоа, ЕУ вклучува бројни острови низ целиот свет и Француска Гвајана во Јужна Америка.
Колективно, ја претставува седмата најголема територија во светот по област. Вклучувајќи ги сите прекуокеански територии, ЕУ ги дели границите со 20 земји.
Remove ads
Географија по држави-членки
Европската Унија брои 27 земји членки и 8 кандидати. Погледнете ја географијата на секоја држава:
Физичка географија
Поголемиот дел од Европската Унија е на европскиот континент. Единствената земја членка на ЕУ која е целосно надвор од Европа е Кипар, кој е во Азија. ЕУ вклучува помалку од половина од територијата на Европа. Земјите-членки на ЕУ имаат копнени граници со 19 други нации.
Се проценува дека крајбрежјето на Европската Унија е долго 66.000 км,[2] граничи со Атлантскиот Океан, Средоземното Море, Црното Море и Балтичкото Море. Европските планински масиви ги опфаќаат Алпите, Пиринеите, Карпатите, Балканските и Скандинавските Планини и граничните планински масиви на Кавказ и Урал; највисокиот врв во Унијата е Монблан на Алпите. Езерото Венерн во Шведска е најголемото езеро во Унијата.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads