Глумово
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глумово — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Remove ads
Географија и местоположба
Селото Глумово се наоѓа на левиот брег на Треска, по излезот на клисурата Матка.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 6 христијански[2] и 20 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 15 мажи христијани, со 1 новороденчe и 56 мажи муслимани со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 166 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 283 жители.[4]
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 210 жители, од кои 180 жители Албанци муслимани и 30 Македонци христијани.[5]
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[6]
Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[8]
Remove ads
Население
На пописот од 2002 година, селото имало 1.683 жители, од кои 4 Македонци, 1.646 Албанци, 1 Турчин, 1 Србин, 28 Бошњаци и 3 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.152 жители, од кои 1 Македонец, 2.060 Албанци, 32 Бошњаци, 1 останат и 58 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Глумово е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Љума (4 к.) доселени се во XVIII век од областа Љума во северна Албанија.
- Суџе (17 к.) доселени се во исто време со претходниот род, од некое место во Албанија.
- Шкека (11 к.) доселени се од местото Дарда кај Матија во Албанија.
- Љока (5 к.) и Мукеле (4 к.) доселени се од северна Албанија.
- Кондовали (8 к.) доселени се од селото Кондово. А таму од Љума во Албанија.
- Чакалар (4 к.) доселени се од северна Албанија.
- Селарево (4 к.) доселени се од селото Седларево. Нивното потекло е торбешко. Од каде дошле во Седларево не знаат точно.[15]
Личности
- Блерим Беџети (р. 1970) — политичар и пратеник
- Башким Амети (р. 1983) — Министер за животна средина и просторно планирање 2016-
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads