Дервент

село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Дервентmap
Remove ads

Дервент или Дервен (грчки: Ακριτοχώρι, Акритохори; до 1926 г. Δερβέντι, Дервенти[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Дервент Ακριτοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа северозападно од градот Сер и на 12 км северозападно од Валовишта. Лежи во живописна месност во југоисточното подножје на Беласица. Кај селото е манастирот „Св. Јован Претеча“.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Дервент бил чисто македонско село во Демирхисарската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дървент к’с чифлик (Dervent-këss tchiflik) бил село со 50 домаќинства на 160 Македонци.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Дервент чифлик, сопственост на Дервиш-бег од Демир Хисар, од него 3 часа на север. Сместено до левиот брег на Струма. 16 куќи Македонци.[6][7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото има 160 жители, сите Македонци христијани.[4][8] Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Дервент (Dervent) се состоело од 160 Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.[9]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 195 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 249 лица.[3] Во 1924 г. населението е присилно иселено во Бугарија, а на негово место се доведени грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Акритохорион.[10] На пописот од 1928 г. Дервент е заведен како наполно дојденско село со 344 жители (113 домаќинства).[11]

Повеќе информации Име, Ново име ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Тане Комитата (? – 1912) — борец во МОО, четата на Панајот Карамфилович, загинал на 21 ноември 1912 г.[16]

Културни и природни знаменитости

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads