Долна Лакавица
поранешно село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долна Лакавица или само Лакавица (грчки: Λακκούδα, до 1927 г. Λακάβιστα, Лакавица[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[2]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на југозападните падини на Родопите и спаѓа во историско-географската област Чеч. Соседни села се Ловчишта, Осеница, Попово Село, Странен, Борово, Даблен и Оштица. Низ селото тече рекичка која се влева во Мужделска Река.
Историја
Во Отоманското Царство
Во подробен регистар за санџакот Паша од 1524-1537 г. Долна Лакавица (Лукавиче-и бозург) се води вака — муслимани: 2, ергени - 1; немуслимани: 27, ергени - 6, вдовици - 1.[3] Во скратен регистар од 1530 г. за Долна Лакавица (Лъкавиче-и Ќучук) се вели муслимани: 5 домаќинства, ергени - 8; немуслимани: 15 домаќинства, ергени - 3, вдовици - 5.[4] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население на селото е претставено вака: муслимани - 10 семејства и 13 ергени; немуслимани - 4 семејства и 3 ергени.[5] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. од селото Долна Лакавица (Л’кавиче-и изир) се попишани 7 муслимански домаќинства.[6]
Во XIX век Долна Лакавица било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долна Лековица (Dolna-lekovitsa) било село со 32 домаќинства на 86 жители Македонци-муслимани.[7][8] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Долна Лакавица имала 106 мажи Македонци-муслимани,[7] кои живееле во 32 куќи.[9]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Долна Лакавица била македонско муслиманско село. Во него живееле 250 Македонци-муслимани[10] во 50 куќи.[11][12]
Во Грција
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчка статистика, во 1913 г. во Долна Лакавица (Λακάβιτσα, Лакавица) живееле 326 лица.[13] Во 1920 г. селото имало 390 жители.[2]
Во 1923 г. жителите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Турција. Ти се населиле во селото Чобанчешмеси кај Кешан во Одринско.[14] Во 1927 г. селото е преименувано во Лакуда (Λακκούδα).[15] Во 1928 г. Долна Лакавица се состоела од 77 лица (25 семејства) грчки доселеници од Турција.[16] Селото е напуштено за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и повеќе не е обновено.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads