Дурасанли

село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Дурасанлиmap
Remove ads

Дурасанли (грчки: Μεσιανό, Месијано, до 1927 Δουρασανλή, Дурасанли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Дурасанли Μεσιανό, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 10 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 146 метри.

Историја

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Дурасанли имало 170 жители муслимани и 30 Роми[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[4]. Во 1926 година, селото било преименувано во Парохтио.[5]

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 193 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 380 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 266 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 284 жители, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 225 жители, додека во 1991 година имало 194 жители[7]. Денеска, населението на селото е 195 жители според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads