Евровизија 2013

From Wikipedia, the free encyclopedia

Евровизија 2013
Remove ads

Евровизија 2013 бил 58. избор за песна на Евровизија. Настанот се одржа во град од победничката земја на Евровизија 2012, Шведска, а според досегашните тврдења тоа е градот Малме, бидејќи има одлична инфраструктура.

Thumb
Официјално лого на Евровизија 2013
Кратки факти Избор за песна на Евровизија, Домаќин ...
Thumb
Арена “Малме„

Прелиминарни дати се предвидени за двете полуфиналиња на 14ти и 16ти мај 2013, а финалето е планирано на 18ти мај 2013.[1] Нешто што најверојатно ќе биде карактеристично оваа година е тоа што шведскиот национален сервис одлучи да има само еден презентер на Евровизија во 2013 година, што не беше пракса изминатите неколку години. Вакво нешто последен пат беше изведено на Евровизија 1995 кога имаше само еден соло презентер. Графичкиот дизајн за 2013 година е препуштен во рацете на Gothenburg-based branding agency Happy F&B. Спонзори на Евровизија 2013 ќе биде телекомуникацискиот сервис „Телија Сонер“, како и неколку годишниот партнер „Schwarzkopf“.

Remove ads

Земји-учеснички

До 21 декември 2012, следните земји го потврдија нивното присуство:

Remove ads

Прва полуфинална вечер

Во првата полуфинална вечер право да гласаат ќе имаат и Италија, Шведска и Велика Британија, како членови на големата петорка.

Повеќе информации БР., Земја учесник ...
Remove ads

Втора полуфинална вечер

Во втората полуфинална вечер гласаат и Германија, Франција и Шпанија, како членови на големта петорка.

Повеќе информации БР., Земја учесник ...

Финале

Повеќе информации Ред.бр., Држава ...
Remove ads

Земји учесници

Македонија

Според изборот на МРТВ како членка на Европската радиодифузна заедница, за претставници на Евровизија 2013 ги избра кралицата на ромската музика - Есма Реџепова и младиот Влатко Лозаноски.[8] Песната која ќе ја претставува Македонијана изборот за песна на Евровизија е „Пред да се раздени“. Песната е во џипси-поп стил, испеана на македонски и на ромски јазик.

Малта

Претставничка на Малта за Евровизија 2013 е младата 17-годишна Доминик Азопаради. Младата Доминик по неколку обиди да стапне на сцената на Детскиот Евросонг, во 2013 ќе ја претставува својата земја како најмлад учесник на Евровизија.[9]

Грузија

Грузиската национална телевизија GBP за свои претставници во Малме ги избра Ноди Татишвили и Софија Џеловани.[10]

Украина

Во 2013 година во Малме свој претставник праќа и Украина. На својот национален избор победата ја однесе Злата Огневич, која ја доби шансата да ја претставува својата земја на Евровизија.[11]

Албанија

Откако Албанија се приклучи кон евровизиското семејство во 2004 година го организира националниот избор за песна на Евровизија. Според нивниот обичај песната се избира во декември на фестивалот „Festivali i Këngës“, а во 2013 претствници на Албанија се: Адријан Лулѓурај и Бледар Сејко.[12]

Литванија

Литванија на својот национален избор ги претстави своите пејачи, а Литванците сами одлучија нивен претставник да биде Адриус Појавис со песната „Something“.[13]

Црна Гора

Црногорците на Евровизија 2013 ќе го пратат хип-хоп дуото „Who See“.[14]

Шпанија

Иако учеството на Шпанија на Евровизија во 2013 не беше сигурно, во последен момент националната шпанска телевизија одлучи нивни претставници во 2013 да бидат членовите од групата „El Sueño De Morfeo“.[15]

Белгија

Јавниот национален сервис на Белгија ја донесе одлуката за својот претставник, а тоа е Роберто Белароса, но Белгијците имаа можност да изберат една од трите песни на фестивалот кои ги пееше Роберто. По пат на смс гласање и со помош на жирито одлучено е песната на Роберто да биде - „Love Kills“.[16]

Швајцарија

Швајцарскиот национален сервис за свои претставници го избра оркестарот Хеилсарме. Швајцарија најверојатно ќе биде земјата која го има најстариот претставник на Евровизија до сега кој има скоро 94 години, а е член на овогодинешниот евровизиски бенд на Швајцарија.[17]

Белорусија

Белорусија беше првата земја која го избра својот претставник за Евровизија, со комбинација од 50/50 гласови по пат на смс и професионално жири, кои одлучија да ги претставува Алјона Ланскаја.[18]

Словенија

Словенечката национална телевизија RTVSLO донесе одлука нивен претставник на Евровизија 2013 да биде Хана Манцини.[19]

Кипар

Државната телевизија на Кипар за своја претставничка заедно со повеќечлена комисија донесе одлука на изборот да ја прати својата млада пејачка Деспина Олимпиоу. Кипарската песна е на грчки јазик. Композитор на песната е Андреас Гиоргалис, а текстот на Зенон Зенгилис.[20]

Сан Марино

Националнио т сервис на Сан Марино за своја претставничка повторно ја избра Валентина Монета со песната Crisalide, за која композитор е Ралф Сиегел, а текстот го потпишува Мауро Балестри.[21]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads