Елина Свитолина
украинска тенисерка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Елина Михајловна Свитолина (украински: Еліна Михайлівна Світоліна; родена 12 септември 1994 во Одеса) — украинска професионална тенисерка и моментно најдобро рангирана тенисерка од Украина на ВТА листата. Нејзин најдобар пласман е 10. место на ВТА, што воедно е и најдобар пласман за тенисер од нејзината земја.
Свитолина станала професионална тенисерка во 2010 и оттогаш освоила шест ВТА турнири, од кои најзначаен е тенискиот турнир во Дубаи 2017. Нејзината прва победа против топ 10 рангиран тенисер била против Петра Квитова во осминафиналето од турнирот во Синсинати 2014, а оттогаш ги има победено Анжелик Кербер, Серена Вилијамс, Ана Ивановиќ, и Гарбиње Мугуруса. Во 2015 стигнала до четвртфиналето на Ролан Гарос каде загубила од Ивановиќ. Во февруари 2017 станала првата Украинка која влегла во првите десет тенисерки на ВТА листата.
Remove ads
Статистика
Грен слемови
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads