Зидеренде
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зидеренде (германски: Süderende; фериншки: Söleraanj; дански: Syderende) — општина на островот Фер во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Remove ads
Историја

Местото припаѓало на општината Олдзум. Откако Данска го загубила Шлезвиг од Прусија во 1864 година и подоцнежните општински реформи, Зидеренде станала самостојна општина.
Во XVII век било основано приватно поморско училиште во Зидеренде од свештеникот Рихардус Петри, кое било прв од ваков вид на островот. Значително ја подобрила состојбата на поморското население и наскоро и другите поморци отвориле свои училишта низ Фер. Иако Петри успешно го предводел училиштето во Зидеренде, тој никогаш не пловел.[2] Пописот во 1787 година покажал дека Зидеренде имал 122 жители, 27 од нив поморци.[3]
Remove ads
Јазик
Главно застапен јазик помеѓу месното население е фериншкиот дијалект на севернофризискиот јазик. Јазикот се одржува така што се пренесува од поколение на поколение.
Образование
Зидеренде поседува основно училиште, кое е наменето за целиот западен дел на островот, како и една градинка.
Знаменитости
На јужниот дел на селото се наоѓа селската црква Св. Лаврентиј, првично изградена во романескнен стил во XII век, главно од камења, а подоцна проширена со тули. Овие тули денес преовладуваат во денешниот изглед на црквата. Во 1990-тите години биле откриени ренесансни слики во црквата. Во гробиштата покрај црквата можат да се најдат гробовите на Матијас Петерзен и Олуф Брарен.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads