Иракли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Иракли (грчки: Κορομηλιά, Коромилија, до 1927 Ερεκλή, Ерекли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 10 километри североно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 254 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Иракли се состоело од 65 семејства со 42 мусилимани и 108 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Иракли имало 100 Турци и 290 жители Македонци[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 336 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
На пописот од 1913 година, селото било евидентирано како напуштено село, додека во 1920 година 33 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[7]. Во 1926 година, селото било преименувано во Коромилија.[8]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 388 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 677 жители. Селото во пописот од 1961 година броело 818 жители, во 1971 година имало 392 жители, во 1981 година имало 367 жители, додека во 1991 година имало 416 жители[10]. Денеска, населението на селото е 657 жители според пописот од 2001 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
