Кошќушко (национален парк)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кошќушко (национален парк)map
Remove ads

Кошќушко (Kosciuszko National Park)) е најголемиот национален парк во aвстралиската сојузна држава Нов Јужен Велс. Паркот е дел од Австралиските Алпи, а името го добил по истоимената планина, на која се наоѓа највисокиот врв во Австралија кој исто така влегува во склопот на овој национален парк.

Кратки факти Национален парк Кошќушко, Држава/територија ...
Thumb
Карта на Националниот парк Кошќушко.
Thumb
Синото Езеро во Националниот парк Кошќушко.

Од 1977 година, поголемиот дел од паркот е вклучен во светската мрежа на биосферни резервати.[1] Во 1996 година, Синото езеро кое се наоѓа во паркот, било внесено на списокот на мочуришта заштитени со Рамсарската конвенција.[2] Во 2008 година, Националниот парк Кошќушко, заедно со другите заштитени подрачја од Австралиските Алпи, бил вклучен во списокот на австралиско национално наследство.[3]

Remove ads

Физички и географски одлики

Националниот парк се наоѓа во источниот дел од сојузната држава и се граничи со Националниот парк Намаџи во Викторија. Кошќушко е најголемиот национален парк во Нов Јужен Велс и Австралиските Алпи. Планината Кошќушко која се наоѓа на територијата од паркот достигнува висина од 2228 метри.[4] Висината над морското ниво се движи од 213 метри до оваа ознака.[5]

На територијата на националниот парк Кошќушко извираат најголемите реки во регионот: Снежната река, Мари и Марумбиџи.[1] Освен тоа, во паркот има пет езера од глацијално потекло меќу кои позначајни се: Синото Езеро, Албина и Хедли Тарн. Синото езеро е едно од четирите езера во Австралија сместено на дното од цирк.[6]

Биосферниот резерват ја зафаќа речиси целата површина на националниот парк: 6255,25 км2.[1]

Remove ads

Флора и фауна

Во паркот има шест зони со диви животни: Бјадбо, Пилот, Јагунгал, Богонг Пикс, Губарагандра и Бимбери, со вкупна површина од околу 3000 км2. Овде виреат ретки видови, меѓу кои има и многу ендемични видови.[4]

Меѓу ретките животни кои го населуваат паркот се планинскиот џуџест опосум (лат: Burramys parvus), кој до 1966 година се сметал за изумрен до 1966 година, и жабата Pseudophryne corroboree.[4]

Remove ads

Туризам

Националниот парк Кошќушко е еден од најпознатите национални паркови во Австралија, кој годишно го посетуваат околу три милиони туристи. Во паркот се наоѓаат сите скијачки центри во Нов Јужен Велс.[4]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads