Кушкулија

село во Општина Василево From Wikipedia, the free encyclopedia

Кушкулијаmap
Remove ads

Кушкулија — село во Општина Василево, Струмичко. Денес нема жители.[2]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на крајниот северен дел од Струмичкото Поле и северно од Василево.[3] Лежи помеѓу Нивичино на југоисток и Подареш на запад.

Историја

Подрачјето околу Кушкулија е населено барем уште од средниот век, за што сведочи некрополата на наоѓалиштето Готен околу 5 км североисточно од селото.[4]

Во XIX и XX век Кушкулија било чисто турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кушкули имало 75 жители Турци.[5]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Кушкуља живееле 99 Турци.[6]

На 5 јуни 1944 г., за време на Мајската (Пролетна) офанзива во судир со бугарската војска во Кушкулија загинал македонскиот комунист и композитор Панче Пешев.

Remove ads

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.[7]

Во периодот од почетокот до средината на XX век селото доживеало голем пораст. Ова траело сè до 1950-тите кога речиси целото население се иселило во Турција. Во 1961 г. во него останале само 4 лица, а во текот на следните години Кушкулија е наполно напуштена. Според пописот од 2002 година, Кушкулија немала ниеден жител.[2] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Готен — некропола од средниот век

Личности

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads