Лазарадес
село во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лазарадес (грчки: Λαζαράδες) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 94 жители (2011).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 6 км југозападно од селото Трановалто, во северозападните разгранки на планината Камбуница, на надморска височина од 635 м.[2] Сместено е на 46 км јужно од Кожани и околу 30 км југозападно од општинскиот центар Серфиџе.
Историја
Во Отоманското Царство
Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2]
Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. го наведува Лазаропско (Lazaropsko) како грчко село.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лазарадис се води како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 35 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Лазарадес живееле 180 Грци христијани.[5] Според грчка атинска статистика од 1910 година во Лазарадес живееле 180 Грци христијани.[6]
Во Грција
За време на Првата балканска војна, на 9 октомври 1912 г. настанува битка меѓу грчките единици и отоманската војска кај селото. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Лазарадес броело 129 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 143 лица.[2]
Во 1960-тите се доселени семејства од планинското село Падеж, поради што во пописот од 1961 г. броело 289 жители, а во 1971 г. 257 лица.[2]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[2]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото Трановалто, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трановалто, во кој влегуваат истоименото село и Низиско.
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1857 г.[7]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads