Маракуја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маракуја или јадливо часовниче (науч. Passiflora edulis) — ползечки вид од родот часовниче (Passiflora) со потекло од Бразил, Парагвај и Северна Аргентина.
Се одгледува како ароматично овошје во тропските и суптропските краишта, како и Јужна Америка, Средна Америка, Карибите, Африка (каде се нарекува виолетова гранадила), јужна Азија, Израел, Австралија, Хаваи (каде се нарекува лиликои)[1] и САД.
Плодот е топчест до јајцевиден, жолт или темновиолетов по боја со сочна внатрешност и поголем број семки.[1][2] Се јаде самостојно, но и се додава во сокови како додаток за вкус.[3]
Remove ads
Разновидности
Постојат неколку различни разновидности на маракуја со различен изглед.[1] Светложолтата flavicarpa (наречена „златна маракуја“) може да достигне големина на грејпфрут, има мазна и сјајна ровка кора, и во Австралија се користи како присад за виолетовата маракуја.[1] Темновиолетовата edulis е помала од лимон, помалку кисела од жолтата и има побогата арома и вкус.
Неколку разновидности се богати со полифенол,[4][5] а жолтите[6]}} содржат пруназин и други цијаногени гликозиди во лушпата и сокот.[6]
Remove ads
Употреба
Mасло
Од семките на маракујата се добива масло кое содржи линолна киселина (77%), олеинска киселина (15%) и палмитинска киселина (10%). Наоѓа различни примени во производството на козметика и во исхраната.
Хранлива вредност
Свежата маракуја содржи витамин Ц (36%), прехранбени влакна (42%), Б-витамините рибофлавин (11%) и ниацин (10%), железо (12%) и фосфор (10%) како значаен дел од дневната вредност.[9]
Галерија
- Пресечена виолетова маракуја
- Жолти маракуи
- Виолетови маракуи
- Големинска разлика помеѓу жолтата и виолетовата маракуја
Поврзано
- Џиновска гранадила
- Слатка гранадила
- Месесто часовниче
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
