Мишевска Воденица (Немањици)

археолошко наоѓалиште во Немањици, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Мишевска Воденица (Немањици)map
Remove ads

Мишевска Воденицаархеолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува вила рустика од античкоримско време.

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Местоположба и наоди

Се наоѓа на 2,1 км северозападно од селото, на десниот брег на Орелска Река и југозападно од наоѓалиштето Јокуш. Лежи на голема речна тераса, под патот за селото Орел, која на источната страна е заштитена со венец од благи ритчиња. Во 1981 година, при изградбата на браната од хидросистемот Мавровица било извршено заштитно ископување од страна на Археолошкиот музеј и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Во нивата на Б. Гигов и во соседните ниви биле откриени повеќе темели од градба ѕидана од кршен камен и варов малтер. Со оглед на бројот на просториите, се смета дека се работи за голема вила рустика, во која имало бања со префурниум и тепидарум, со под подигнат врз суспензури и столпчиња, просторија за гмечење на грозје и други наменски простории. Источниот крај на вилата бил однесен од поројните води на реката.[1]

Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads