Мочуриште
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мочуриште или мочур — област со постојано висока влажност, покриена со растителност прилагодена на конкретни услови на заситеност со вода.[1][2] Овие области се одликуваат со застоена или бавно движечка вода, натопено тло, и често определен екосистем.

Сличен поим е „тресетиштето“, кое се разликува по тоа што таму се создава тресет — органски материјал што се таложи од распаѓање на растенија во услови на влага и недостиг на кислород. Некои го определуваат мочуриштето како практично секое копнено моклиште, без разлика дали е тресетиште или не (алувијални наноси, блата). Во потесна смисла, мочуриште може да значи само области каде што се случуваат мочуришни процеси, особено таложење на тресет, но ова може да се однесува и на почетни или деградирани тресетишта каде што мочуришните процеси се одвај забележливи.
Мочур конкретно во македонските речници означува „влажно, мокро земјиште, со конкретна растителност; бара“.[3][4]
Remove ads
Образување
Мочуриштата се образуваат како последица на заблатување на почвата или обраснување на водните површини со растителност. Во умерената клима, заблатувањето (потопувањето) се одвива при високо поставени подземни води.
Натрупувањето на влага придонесува за развој на растителна покривка (особено мов — кукавички лен и др.) и уште повеќе — мртва, растителна материја што впива влага. Во почвата се создаваат анаеробни услови и започнува заблатувањето. Заблатувањето на водните површини се одвива на различни начини:
Обраснување
На дното на водната површина, отпрвин се таложи глина или песок, и врз нив се наслојуваат остатоци од мртви микроскопски водни (планктон) и длабински (бентос) животни и растенија. Овие остатоци образуваат сапропел. Водната површина станува поплитка, во неа се развиваат растенија, отпрвин подводни (како на пример водни треви, цератофилум и др.), потоа водни кринови со пловечки листови или растенија чии стебла се наоѓаат над водата (шавар, трска). Во длабинските наслаги почнуваат да преовладуваат остатоци од растенија (сапропелен тресет). Од претходното езеро останува сѐ помалку отворена вода и водната површина се претвора во мочуриште.
Нараснување
Површината на водната површина се затнува со пловечки растителен тепих, се образува тревна покривка составена од острика, класатка или мов. Овој „тепих“ постепено нараснува од бреговите кон внатрешноста на водната површина и на крајот ја покрива целата водна површина.
Механичко нараснување
Во езерата со тресетни брегови, ронливиот тресет се размива и се наслојува на дното. Водната површина постепено станува поплитка и обраснува со растителност.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads