Шумско мочуриште
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шумско мочуриште или блато — влажно подрачје со шумска растителност.[1] Многу шумски мочуришта се јавуваат покрај поголеми реки, каде суштински зависат од нивниот водостој.[2] Други пак, се јавуваат на бреговите на поголемите езера.[3] Некои имаат изолирани делчиња со нормална растителност, додека пак други имаат суви возвишенија обраснати со водни растенија или растенија што трпат повремени поплавувања.[4] Постојат два вида шумски мочуришта: „вистински“ барски шуми и „преодни“ мочуришта од честак. Водата во едно шумско мочуриште може да биде слатка, соленикава или солена (морска). Најголемите шумски мочуришта во светот се среќаваат крај големите реки како што се Амазон, Мисисипи и Конго.[5]

Блато во македонските речници конкретно значи „каллна месност, мочурлив предел“, но во некои случаи може да биде и синоним за шумско мочуриште.[6][7]
Remove ads
Геологија
Одлика на шумското мочуриште е застојаноста на водата[8] или многу бавен проток. Под извесни околности, шумските мочуришта можат да се создадат и од самите реки. Друга одлика за шумските мочуришта е тоа што се присутни во мошне низок топографски релјеф.
Одводнување
Исцедувањето или мелиорација е начин на отстранување на шумските мочуришта со цел да се претворат во обработливо земјиште или пак за да се заштити населението од болестите кои ги причинуваат мочуришните инсекти.[9] Човекот во минатото ги исцедувал шумските мочуришта и за сеча на дрва. Европа има изгубено половина од шумските мочуришта,[9] додека пак во Нов Зеланд се уништени цели 90 %.[10]
Денес постои свест за еколошката важност на шумските мочуришта: живеалиште за рибите, констрола на поплавувањата, пречистување на водата, складирање на јаглеродот и како дом за разновидни животни и растенија.[11] Во разни краишта во светот, шумските мочуришта денес се заштитени и постојат големи потфати за нивно обновување.[2][12]
Remove ads
Шумските мочуришта во Македонија
Во минатото Македонија имала разни богати шумски мочуришта со разновиден жив свет. Такви биле Катлановско, Моноспитовско, Пелагониско, Струшко, Негорско, Овчеполско[13] и Студенчиште.[14] Пред мелиорациските потфати, во Македонија имало 86.000 ха мочурливи површини, а по овие потфати се останати 22.000 ха[15]
Денес поважни мочуришта се Катлановското, Моноспитовското и Белчишкото Блато. Моноспитовското се смета за последно големо мочуриште во земјата. Големи блатни површини постоеле во околината на Скопје, во подрачје наречено Скопска Блатија. Голем дел од нив во поново време се исцедени, и останати се само мали делови. Поскромните блата по котлините се предмет на проучување и заштита.
Список на поважни мочуришта
Шумското мочуриште како мотив во уметноста и во популарната култура
- „Мочуришна земја“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини.[17]
- „Мочуриште“ (англиски: Swamp) — песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1983 година.[18]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads