Ново Село (Серско)
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ново Село или Нихор (грчки: Νεοχώρι, Неохори)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 6 километри југоисточно од градот Сер и на 14 километри источно од Довишта, на надморска височина од 2 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 92 жители Роми[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 180 Македонци и 48 Роми[4][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 272 македонски гркомани, 18 Албанци и 54 Роми[4][6].
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 148 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 81 жител[7].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Знаменитости
- Црква „Св. Нектариј“ од 1972 г.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads