ОУ „Лирија“ - Горно Јаболчиште

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Лирија“ - Горно Јаболчиште
Remove ads

Основно училиште „Лирија“ (официјално: Основно општинско училиште „Лирија“ - Горно Јаболчиште; скратено: ООУ „Лирија“) — централно основно училиште во велешкото село Горно Јаболчиште и едно од трите основни училишта во Општина Чашка.[1]

Кратки факти Лирија„Слобода“ ...

Името на училиштето доаѓа од албанскиот збор „лирија“ што означува Слобода.

Remove ads

Местоположба

Училиштето се наоѓа во селото Горно Јаболчиште, сместено во близина на влезот во селото, на еден повисок дел.

Историја

Училиштето се издвоило како самостоен правен субјект во 2008 година од постоечкото основно училиште „Тодор Јанев“ во селото Чашка, заедно со подрачните училишта во Долно Јаболчиште и во Горно Врановци.[2]

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

  • ПУ „Лирија“ - Горно Врановци, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик; и
  • ПУ „Лирија“ - Долно Јаболчиште, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик.

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads