Горно Врановци
село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горно Врановци — село во областа Гроот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Селото претставувало неофицијална престолнина на тогашната Демократска Федерална Македонија, при што во него била сместена извршната и законодавната власт. Овие куќи денес се претворени во музеи, заедно со печатницата „Гоце Делчев“, од каде е излезен првиот број на весникот „Нова Македонија“.[2]
Remove ads
Потекло и значење на името
Денешното село порано се нарекувало Врановци, како што е запишано и во историските документи од XV век. Подоцна, во истата област (во долината на Бабуна) било основано село со исто име. За да се разликуваат двете села, ги добиле имињата Горно и Долно Врановци.[3]
Географија и местоположба

Ова некогаш мошне големо село се наоѓа во областа Гроот, во северозападниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Тополка, од нејзината десна страна.[4] Селото е планинско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 27 километри.[4]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2344 после селото Лисиче.
Куќите на селото се распоредени во широката долина на Врановска Река, која е десна притока на Тополка. Долината е всечена помеѓу гребенот на Голешница на север и Соколица на југ. Околни села се Лисиче, Мелница, Дреново, Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште и Нежилово. Мештаните со вода за пиење се служат од извори соѕидани во чешми. Во атарот на селото има повеќе извори, наречени Градиште, Студенчиште, Свињарник, Невестинец, Кончарев Извор, Прерог, Горни Пржов, Долни Пржов и други.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Соколица, Градиште, Бегови Вирови, Бегов Врв, Грло, Бел Камен, Жабин Преслап, Жабина Река, Горни и Долни Прегор, Мала и Стара Корија, Суроџиово, Милевица, Станковица, Дебело Корито, Демировска Река, Дедовец, Лакаровец, Осмарово, Луково Поле и други.[3]
Горно Врановци кога имало 800 домаќинства била од збиен тип и во него имало 11 големи маала, наречени по главните родови. Сепак, состојбата во 1960-тите била различна и многу од маалата лежеле во руини поради иселувањето на населението.[3]
Remove ads
Историја
Во селото има старини и остатоци од разни културни епохи, но тие не се испитани детално. Местото Градиште се наоѓа на падините на гребенот Соколица, југозападно од селото, каде има остатоци од стари ѕидови. Покрај местото има јак истоимен извор.[3]
Оскудни се информациите и за основањето на денешното село и неговото минато. Меѓутоа, некои податоци говорат дека селото е старо. Во историските извори првпат се споменува како Врановци во 1476 година. До крајот на XVIII и XIX век, селото имало само христијанско население. Потоа, тука се населиле бројни мијачки Торбеши од селата во сливот на Радика. Некои од христијаните во селото веројатно го примиле исламот и тако останале во него.[3]
Последните христијани од Врановци го напуштиле селото во текот на XIX век. Родот Ѓорчевци преминал во Бистрица, а други иселеници имало во селата Богомила, Еловец и други. Последниот христијански род се иселил околу 1860 година и денес живеат во Дреново (Кратовци). На старите христијани потсетуваат и некои топографски називи: Станковица, Иванов Рид, Црков, Луковско Поле и други.[3]
Со текот на годините поради природниот прираст и малите доселувања, селото прераснало во големо. Но, земјиштето на кое е сместено селото не е многу продуктивно, поради што мештаните барале други извори на заработка. Се занимавале со стариот мијачки занат, ѕидарството и воденичарството. Во еден период, мештаните од ова село имале воденици по цела средна и источна Македонија.[3]
Поради овие занимања, мештаните често патувале, заработувале пари и воведувале новини во своите куќи, па затоа и важело за едно од најнапредните села во денешниот велешки крај. Постоел и пазарен ден (петок), кога доаѓале жителите на 15 околни села. Во селото имало 4 пекарници, 5 бакалници, 2 кафани и 2 месарници.[3]
Селото имало значајна улога за време на Втората светска војна.[3] Така, во времето на НОБ во селото бил сместен Штабот на дивизијата, имало болница, печатница и други установи.[4]
На 29 октомври 1944 година, во Горно Врановци бил објавен првиот број на весникот „Нова Македонија“, каде што се наоѓа и првата печатница во ослободената Македонија, денес претворена во музеј. Весникот кој сè на сè имал точно 8 страници излегол во мал тираж, бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик.
Во периодот 1954-1966 година се случиле огромни промени: од околу 800 стари торбешки домаќинства (во 1954 г.) со околу 3.500 жители, Горно Врановци спаднало на само 10 такви домаќинства. Сите заминале во Турција. Во 1957 година бил укинат и пазарниот ден. Неколку стотина напуштени куќи станале руини, а биле срушени и две џамии и големата училишна зграда за 500 ученици.[3]
За време на торбешкото иселување, во селото почнале да се населуваат Албанци од разни села од Косово, како и од Горно Јаболчиште во изворишниот дел на Тополка. Од Косово дошле 40 домаќинства, а тие заминувале од таму поради крвна одмазда. Бидејќи крвната одмазда продолжила, некои од овие домаќинства го напуштиле селото и заминале во Скопје или во Турција.[3]
- Меморијален музеј на Президиумот на АСНОМ
- Меморијален музеј на ЦК на КП на Македонија
- Меморијален музеј на ОЗНА
- Меморијален музеј на Главниот штаб на НОВ и ПОМ
Remove ads
Стопанство
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 37,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.456,4 хектари, потоа следуваат пасиштата на површина од 833,6 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 229,6 хектари.[4]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Покрај тоа, селото има поволни природни погодности за развиток на туризмот, односно и рекреативна функција.[4]
Во селото имало добри услови за сточарство, со добри паши на Студенчица, Бел Камен, Прегор и Невестинец на Голешница. Мештаните на селото основале две заеднички бачила: по едно на Прегор и на Невестинец.[3]
- Воздушен поглед на хотелот
- Поглед на хотелот
- Поглед на хотелот
- Руинираниот хотел
Remove ads
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Врановци живееле 1.900 жители, сите Македонци муслимани.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 2.500 Македонци.[6]
Во пописите од 1948 и 1953 година, Горно Врановци е најголемото село по број на жители во Македонија со 3.847 жители во 1953 година, а поголемо и од неколку помали градови во тој период како Крива Паланка, Неготино, Виница, Кратово и други. Во средината на 1950-тите години селото значително се празни, бидејќи голем дел од населението се иселува во Измир (Турција), така што во следната пописна 1961 година, регистрирани се само 738 жители, или 3.109 жители помалку од минатиот попис. Во 1994 година, бројот се намалил на 221 жител, од кои 207 биле Албанци, 11 Турци и еден Македонец.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Врановци живееле 199 жители, од кои 189 Албанци, 9 Турци и 1 Македонец.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 318 жители, од кои 1 Македонец, 304 Албанци, 5 Турци, 1 Бошњак и 7 лица без податоци.[8]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Горно Врановци:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
Горно Врановци денес е албанско село, но некогаш било торбешко (македонско муслиманско) село.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1967 година, родови во селото се:
- Торбешки родови:
Во селото во 1967 година имало останато само 10 торбешки семејства, но тие требало во секое време да се иселат во Турција. Некои од торбешките родови кои живееле во селото се викале, Аџи-Ќосеви, Селимовци, Шабановци, Елезовци, Капушовци, Арслановци, Мемедовци и други.
- Албански родови:
- Доселеници: околу 23 албански семејства во ова село се доселени од околината на Урошевац и Гнилане во Косово, од местата Витина, Златаре, Камена Глава, Стари Качаник, Фираја и други, додека останатите 15 албански семејства се доселени од селото Горно Јаболчиште, таму имале роднини, Лонгуровци, Штутка, Сенца и други.
Remove ads
Иселеништво
Ова село броело некогаш 800 торбешки (македонски муслимански) семејства. Но, нивното иселување во Турција било толку силно што денес се целосно иселени од селото. Околу 790 торбешки семејства од ова село се имаат иселено во Турција. Најголемиот број во Измир. Само мал дел од нив се иселени во Велес, Штип и Радовиш.[3] Според евиденцијата којашто ја водат иселениците, денес од ова село по потекло има околу 14.000 луѓе.
Remove ads
Општествени установи
- Подрачно основно училиште „Лирија“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Лирија“ - Горно Јаболчиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Чашка.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Горно Врановци, во која покрај селото Горно Врановци, се наоѓале и селата Дреново и Лисиче. Општината Горно Врановци постоела и во периодот 1950-1952 година, кога во нејзе единствено припаѓало селото Горно Врановци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2230 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 282 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 269 гласачи.[11]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Културно наследство
- Покрај селото како целина, во селото како културно наследство на Македонија се прогласени и џамијата, како и три од петте спомен-куќи претворени во музеи
- Музеи
- Меморијален музеј на ОЗНА, меморијален музеј, објектот е во распаѓање
- Меморијален музеј на Президиумот на АСНОМ, меморијален музеј и културно наследство на Македонија
- Меморијален музеј на ЦК на КП на Македонија, меморијален музеј и културно наследство на Македонија
- Меморијален музеј на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, меморијален музеј и културно наследство на Македонија
- Меморијален музеј Партизанска печатница „Гоце Делчев“, меморијален музеј
- Џамии
- Џамија, главната селска џамија, исто така прогласена за културно наследство
- Реки
- Врановска Река — мала река низ селото, притока на Тополка
Галерија
- Реката низ селото
- Поранешен индустриски објект
- Објект во селото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads