ОУ „Страшо Пинџур“ - Јосифово
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Јосифово; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во валандовското село Јосифово, Општина Валандово.[1][2][3]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Страшо Пинџур“.
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.
Remove ads
Историја
Во 1963 година, во Јосифово било основано осумгодишното училиште. Прв директор на училиштето бил Никола Колев. При создавањето имало само четири учители, чиј број се зголемил со порастот на бројот на децата.
Во средината на осумдесеттите е изградено ново училиште, веднаш до старата зграда, со што се создадени услови за нормално изведување на наставата. Наставата се изведува на македонски јазик, а факултативно се изучува и српскиот. Од странските јазици, во ова основно училиште традиционално се изучува францускиот јазик.
Благодарение на љубовта кон францускиот јазик со која се стекнаа со помош на професорката Весна Аризанова, многу од тие некогашни ученици, денес се дипломирани филолози - професори, преведувачи и толкувачи на францускиот јазик. Освен францускиот се изучува и англискиот јазик, а како курсна настава од неодамна и италијанскиот.
Во 1998 година почна да се работи на оспособување на старата училишна зграда и проширување на наставата во истата. Најпрво, беше изградена мини-спортска сала која адекватно ги задоволи потребите за одржување на наставата по фискултура. Во наредните години беа направени библиотеката и останатите училници. Во денешни услови, училиштето претставува модерна установа во која јосифовските ученици можат да се стекнат со квалитетно основно образование.
Remove ads
Настава
Во училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Удово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Мито Симеонов“ - Марвинци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Јане Сандански“ - Грчиште, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „29 Ноември“ - Калково, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик.
Галерија
- Училиштето во 1931 година
- Помошниот објект
- Поглед на училиштето
- Влезот
- Спортското игралиште
- Поглед на училиштето
- Спортската сала
- Спомен-бистата на патронот Страшо Пинџур
- Поглед на училиштето (2017)
- Помошен објект (2017)
- Биста на Страшо Пинџур (2017)
- Поглед на училиштето (2017)
- Поглед на училиштето (2017)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads