Општина Брезица

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Месен народен одбор Брезица ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Месниот народен одбор Брезица бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места било Брезица, Градманци, Крушје и Летевци.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брезица останал територијално непроменет. МНО Брезица тогаш припаѓал во Скопската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брезица бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Катланово.[3]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Брезица имал 841 жител, односно вкупното население на Брезица, Градманци, Крушје и Летевци. Од таа бројка, 581 биле Македонци, 238 биле Турци, 12 биле Роми, 4 биле Албанци, 3 биле Црногорци, 2 биле Бугари, додека 1 бил Србин.[4]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads