Општина Средно Коњари
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Средно Коњари, именувана и како Месен народен одбор Средно Коњари ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Средно Коњари бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Горно Коњари, Долно Коњари, и Средно Коњари.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Средно Коњари останал територијално непроменет. Тогаш, МНО Средно Коњари припаднал во новата Скопска Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Средно Коњари бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговите села Дивље и Сушица.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Средно Коњари останала територијално иста.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Средно Коњари била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Петровец.[5]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Средно Коњари имал 2,393 жители, односно вкупното население на Горно Коњари, Долно Коњари, и Средно Коњари. Од таа бројка, 481 биле Македонци, 1,749 биле Турци, 157 биле Роми, 4 биле Албанци, додека 2 биле Срби.[6]
Според пописот од 1953 година, Општина Средно Коњари имала 3,765 жители, односно вкупното население на Горно Коњари, Дивље, Долно Коњари, Средно Коњари и Сушица.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[7][8]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 1,178 |
| Албанци | 1 |
| Турци | 1,931 |
| Срби | 11 |
| Роми | 41 |
| Црногорци | 3 |
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads