Паоло Монтеро

From Wikipedia, the free encyclopedia

Паоло Монтеро
Remove ads

Паоло Роналд Монтеро Иглесијас (роден на 3 септември, 1971 година, во Монтевидео) — уругвајски фудбалски тренер, и поранешен играч од одбраната. Моментално го води Јувентус Некст Џен.

Кратки факти Паоло Монтеро, Лични податоци ...

Кариерата ја започнал во својата родна земја, дебитирајќи како професионален играч со Пењарол во почетокот на 1990-тите години, а потоа се преселил во Италија, каде го минал најголемиот дел од својата кариера играјќи за две екипи по кои и најмногу останал запаметен: прво со Аталанта и пред се со Јувентус. Со вториот од двата клуба, тој ги постигнал најголемите успеси во својата кариера освојувајќи голем број на трофеи, вклучувајќи четири италијански првенства, три суперкупа на земјата, еден Суперкуп на УЕФА и еден Интерконтинентален куп. Во дресот на Јувентус, тој поминал цели девет сезони (1996-2005), а покрај наброените успеси одиграл и три финалиња на Лигата на шампионите и сите три ги загубил.[1] Откако го напуштил клубот од Торино во 2005 година, тој се вратил во Јужна Америка, каде една сезона го носел дресот на аргентинската екипа Сан Лоренцо, а потоа се вратил во Пењарол, каде ја завршил кариерата во мај 2007 година.

За репрезентацијата на Уругвај одиграл 61 натпревар и постигнал 5 гола во периодот 1991-2005, а од 1997 година до неговото повлекување бил и капитен на истата. Во дресот со државниот грб, настапил на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, како и на Копа Америка 2004 во Перу.

По извесно време од завршувањето на играчката кариера, тој започнал да работи како тренер водејќи неколку екипи во Уругвај, Аргентина и Италија.

Remove ads

Биографија

Монтеро тргнал по стапките на неговиот татко: татко му Хулио Монтеро Кастиљо, бил и самиот фудбалер, исто така играјќи на позицијата дефанзивец и двапати бил светски клупски шампион.[1]

Неговиот син Алфонсо (роден 2007), исто така е фудбалер: играл во младинските сектори на Дефенсор Спортинг и Јувентус, и настапувал за младинските селекции на Уругвај.[2]

Технички карактеристики

„„Никогаш не сум направил лоши фаули, моите реакции се инстинктивни. На крајот на краиштата, јас сум латиноамериканец [...]. А за латиноамериканците и фудбалот е лукав“.”

Паоло Монтеро, 2000[3]

Елегантен дефанзивец, техички надарен, вешт со топката и смирен дури и кога е под притисок,[4] способен да диригира со задната линија на својот тим со карактер и луцидност.[5] Најчесто во кариерата играл како стопер[6] или либеро,[4][7] но по потреба, тој, исто така, знаел да ја покрива - иако многу неволно, дури и расправајќи се со своите тренери околу тоа - улогата на лев бек.[1]

Како играч со решителен карактер, тој воопшто не се штедел ниту себеси ниту противниците, влегувајќи цврсто во дуелите дури често и ги пречекорувал правилата:[8][9] во контекст на сето ова, за време на неговата кариера во Серија А тој добил 16 црвени картони,[10] бројка што го прави апсолутен рекордер во оваа статистичка категорија.[11]

Remove ads

Клупска кариера

Пењарол и Аталанта

Роден во Монтевидео, во фудбалско семејство, како дете, Паоло се трудел да има добри оценки на училиште, во спротивно татко му немало да му дозволи да посетува фудбалска пракса.[12] Кариерата ја започнал во Пењарол во 1990 година, под водството на Сесар Луис Меноти, кој веднаш го споредил младиот дефанзивец со тогаш познатиот Даниел Пасарела. Во клубот од Монтевидео останал до 1992 година, забележувајќи 34 настапи и еден гол, пред да се пресели во Европа каде направил трансфер во италијанската Аталанта.[1]

По пристигањето во Бергамо, тој го направил своето деби во Серија А на 6 септември во успехот на домашен терен со 2-1 против Парма, и одиграл позитивна прва сезона во која се јавува меѓу протагонистите во тимот предводен од Марчело Липи, кој го завршил првенството на високото седмо место во поредокот;[1] Во својата втора сезона, тој одиграл 30 натпревари, но не можел да го спречи испаѓањето на клубот во Серија Б; сепак, тој останал во Бергамо и покрај испаѓањето, и навистина станал „столб на одбраната“ на Аталанта,[1] која моментално, после само една сезона, се вратила во Серија А. Од клубот си заминал во 1996 година, по четиригодишен престој во кој забележал 128 натпревари и 4 гола.

Јувентус

Во летото 1996 година, тој се преселил во италијанскиот гигант и актуелен европски шампион после освојувањето на Лигата на шампионите, Јувентус, на барање на неговиот некогашен тренер Липи кој во меѓувреме седнал на клупата на бјанконерите;[1] интересно е дека, првично, дефанзивецот изгледал предодреден да се приклучи на Интер, но желбата на самиот Монтеро да соработува одново со тренерот Липи довела преговорите со нераѕурите да бидат прекинати, како би можел уругваецот да се упати кон Торино.[13] Своето деби за Јувентус го имал на 28 август 1996, во победата со 2-0 над Фиделис Андрија во Купот на Италија.

Тој бил незаменлив камен-темелник на одбраната на Јувентус, на кој му останал верен до 2005 година, формирајќи цврсто партнерство во срцето на задната линија на бјанконерите со Чиро Ферара, и најчесто добивајќи ја низ годините битката за место во почетниот состав со внатрешната конкуренција претставена од Марк Јулијано и Игор Тудор.[1] За време на деветгодишниот престој во Пиемонт тој освоил бројни трофеи, вклучувајќи еден Интерконтинентален куп (1996), еден Суперкуп на УЕФА (1996), три Суперкупа на Италија (1997, 2002 и 2003) и четири италијански првенства (1996-1997, 1997-1998, 2001-2002 и 2002-2003), покрај кои и она во 2004-2005, кое последователно на клубот му било одземено.

Во црно-белиот дрес, повеќе од каде било на друго место, Монтеро освен што изградил репутација на бескомпромисен и груб дефанзивец, вистинска ноќна мора за противничките напаѓачи, тој понекогаш знаел да користи и насилни методи; така на пример, по крајот на натпреварот Виченца-Јувентус (2-1) на 13 октомври 1996 година, за време на расправија помеѓу неговиот соиграч Анџело Ди Ливио и официјалниот фотограф на Виченца, тој го удрил вториот; последователно, тој јавно изјавил дека не се кае за гестот со зборовите - „Видов соиграч во тешкотии и интервенирав: ми се чинеше нормално да го направам тоа“ –,[14] додека фотографот го пријавил играчот и повел граѓанска тужба.[15] На 9 март 2000 година, за време на реваншот од осминафиналето на Купот на УЕФА помеѓу Селта Виго и Јувентус (4-0), Монтеро со лакт го удрил по лицето противничкиот играч Валериј Карпин:[16] откако добил црвен картон, тој го напуштил теренот грубо исмевајќи ја галицијската публика.[3] На 3 декември 2000 година, за време на „дербито“ Интер-Јувентус (2-2) тој го удрил Лујџи Ди Бјаџо во лицето: преку примената на телевизиски докази, гестот му донел суспензија од три натпревари.[17]

Афирмирајќи се како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на клубот,[6] дресот на Јувентус го соблекол по 9 сезони, во кој забележал 277 настапи и вкупно 6 голови, вклучувајќи 186 натпревари и 1 гол (на 29 ноември 2003 година, во поразот со 1-3 во Дербито на Италија[18]) во Серија А.

Сан Лоренцо

После Јувентус, каде го поминал најуспешниот период од својата кариера, Монтеро се вратил во Јужна Америка потшишувајќи договор со аргентинскиот клуб Сан Лоренцо. Сепак, неговото време поминато во овој клуб било многу кратко. Откако пропуштил многу натпревари поради постојани повреди, тој конечно го напуштил клубот по само 14 настапи и еден постигнат гол против Расинг Клуб. Во 2006 година, Монтеро добил неколку интересни понуди од клубови од Европа како Олимпијакос и од неодамна промовираниот член на Серија А, Катанија, но сепак, се одлучил за враќање во клубот од детството каде што ја започнал својата кариера, Пењарол.

Враќање во Пењарол

Монтеро се вратил во Пењарол за сезоната 2006-2007 сезона, минувајќи ја таму својата последна сезона во кариерата пред официјално да го најави неговото пензионирање. Тој постигнал еден гол во 26 натпревари за време на неговата последна сезона како професионален фудбалер. Своето повлекување од фудбалот го објавил на 17 мај 2007 година, после натпреварот на Пењарол против Данубио.

Remove ads

Репрезентативна кариера

Дебитирал за уругвајската репрезентација на 5 мај 1991 година, во пријателски натпревар против САД загубен со 1-0.[19] Во следните години, за својата земја настапил на Купот на конфедерации 1997, Светското првенство 2002[19] и на Копа Америка 2004; на последното натпреварување, тој постигнал и гол во воведниот натпревар против Мексико, кој завршил нерешено 2-2.[20]

Монтеро бил капитен на неговата земја во нивниот обид да се квалификуваат за Светското првенство 2006 во интерконтиненталниот плејоф двомеч против Австралија, во кој уругвајците биле поразени на пенали и неуспеале да се квалификуваат како што тоа го направиле на Светското првенство 2002, односно четири години пред тоа. За жал за Монтеро, тој со куцање се упатил надвор од теренот со повреда на тетивата со која се здобил во текот на вториот натпревар во Сиднеј, и не бил во можност да изведува удар од белата точка во пенал-серијата. По поразот, Монтеро веднаш го објавил своето повлекување од националниот дрес, велејќи: "штета оваа група на играчи заслужува да биде на Светското првенство."[21]

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Уругвај, Дата ...
Remove ads

Тренерска кариера

Штом ги закачил копачките на клин, Монтеро накратко работел како спортски агент во Уругвај,[22] а во ноември 2014 година бил повикан да го замени Хорхе Фосати, кој си поднел оставка по поразот од Насионал, на клупата на Пењарол.[23] Тој останал на позицијата до назначувањето на Пабло Бенгоечеа за тренер на 23 декември истата година.[24]

Во март 2016 година, тој бил назначен за тренер на Бока Унидос, клуб кој се натпреварувал во Примера Б Насионал, втората аргентинска лига. Во вториот дел од 2016 година, тој бил тренер на Колон, кој го напуштил на крајот на декември за да стане, на 3 јануари 2017 година, тренер на Росарио Сентрал на местото на Едуардо Кудет кој поднел оставка.[25]

На 27 септември 2018 година, тој добил УЕФА А лиценца во Коверчано, која му овозможува во Европа да ги тренира сите младински екипи како и првите тимови на екипите до Серија Ц и да биде помошник тренер во Серија Б и Серија А.[26]

На 6 јуни 2019 година, тој бил назначен за тренер на Самбенедетесе, во Серија Ц.[27] Во првенството, тој ги шредводел Рособлу до плејофот, каде што биле елиминирани во првото коло од Падова (0-0) само поради полошиот пласман постигнат во регуларниот дел од сезоната.[28] Во септември 2020 година, тој, се здобил со нова тренерска лиценца од прва категорија - УЕФА Про.[29]

Потврден на клупата на клубот од Марке и за следната сезона, по неконстантниот почеток на првенството, тој сепак бил ослободен од должностите на 27 октомври 2020 година;[30] сепак, не долго потоа, тој бил вратен на клупата на Самбенедетесе на 11 февруари 2021 година, преземајќи го клубот откако Мауро Зиронели си поднел оставка.[31] Тој уште еднаш успеал да ги одведе Рособлу, кои исто така биле погодени од сериозна корпоративна криза, до плејофот: сепак, патот таму им завршил веќе во првото коло по поразот со 3-1 на гости против Мателика.[32]

По завршувањето на искуството во Марке, на 17 јуни 2021 година, Монтеро се вратил во Аргентина за да седне на клупата на Сан Лоренцо.[33] На оваа функција бил до 21 октомври, кога по серијата разочарувачки резултати добил отказ.[34]

На 28 јуни 2022 година, поранешниот дефанзивец се вратил во Јувентус по седумнаесет години, повикан да биде тренер на Примавера тимот на Јувентус под 19 години.[35] Во сезоната 2022-2023, тие стигнале до завршната фаза на Кампионато Примавера 1, каде што младите бјанконери биле елиминирани во првото коло од Сасуоло, забележувајќи исто така, и најлош пласман во регуларниот дел од сезоната,[36] додека во Младинската лига на УЕФА ја минале групната фаза пред да бидат сопрени во плејоф рундата, регистрирајќи пораз од Генк по изведување пенали.[37] Следната година, со тимот кој се натпреварувал само во национални рамки, тие не успеале да стигнат до завршната фаза на Кампионато Примавера 1 постигнувајќи ја само минималната цел за обезбедување опстанок во лигата.[38]

Во меѓувреме, на 19 мај 2024 година, тој бил назначен како привремен тренер да го води првиот тим на Јувентус, во последните две кола од првенството, заменувајќи го отпуштениот Масимилијано Алегри.[39] Дебитирал на клупата на првиот тим на Јувентус и во исто време во Серија А, веќе следниот ден, во ремито 3-3 на гостувањето кај Болоња.[40] Својата прва победа како тренер во Серија А, ја забележал во следниот натпревар, победата со 2-0 на домашен терен над Монца.[41]

Remove ads

Статистика на кариерата

Клупска статистика

Повеќе информации Сезона, Клуб ...

Репрезентативна кариера

Извор:[45]
Повеќе информации Репрезентација, Година ...

Тренерска статистика

Клупски

Статистиката е ажурирана на 25 мај 2024.

Повеќе информации Сезона, Екипа ...

Млади

Статистиката е ажурирана на 18 мај 2024.

Повеќе информации Сезона, Екипа ...
Remove ads

Титули

Повеќе информации Јувентус ...
1996-1997, 1997-1998, 2001-2002, 2002-2003
2004-2005
1997, 2002, 2003
1996
1996
  • Интертото куп Интертото Куп : 1
1999

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads