Фудбалска репрезентација на Чешка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фудбалска репрезентација на Чешка
Remove ads

Фудбалската репрезентација на Чешка ја претставува Чешка на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Чешка (FAČR). Историски гледано, Репрезентацијата на Чешка учествувала во натпреварувања организирани од ФИФА и УЕФА под разни имиња како Бохемија, Австроунгарија и Чехословачка.

Кратки факти Сојуз, Конфедерација ...

Репрезентацијата е основана во 1901 година, и постоела под претходно споменатите имиња сè до распадот на Чехословачка во 1993 година. Денешната Репрезентација на Чешка е основана во 1993 година, а својот прв официјален натпревар го одиграла на 23 февруари 1994, победувајќи ја Турција со 4-2 во Истанбул. Првото натпреварување на кое се пласирала Чешка било Европското првенство 1996, на кое стигнале до финалето во кое загубиле од Германија. Своето деби на Светските првенства го направиле во 2006 година, каде биле елиминирани уште по групната фаза со една победа и два порази.

Remove ads

Историја

Својот прв официјален натпревар Чешка го одиграла на 23 февруари 1994 година против Турција во Истанбул и победила со 4-2.[4] Својот прв натпревар на домашен терен Чешка го одиграла против Литванија во Острава и победила со резултат 5-3.

Првите официјални натпревари репрезентацијата ги забележила во квалификациите за Европското првенство 1996. Во својот прв квалификациски циклус Чешка остварила шест победи, три нерешени исходи и еден пораз. Единстваениот пораз во квалификациите Чешка го доживеала од Луксембург, но на крајот успеала да заврши на првото место во групата пред фаворизираната Холандија. На Европското првенство во Англија, Чешка била во група со Германија, Италија и Русија. Во првиот натпревар на турнирот тие биле поразени од Германија со 2-0. Во вториот натпревар Чешка ја победила Италија со 2-1, со головите на Павел Недвед и Радек Бејбл. Во последниот натпревар од групната фаза и одлучувачки за пласман во четвртфиналето Чешка играла против Русија. На полувремето Чешка водела со 2-0 со головите на Јан Сухопарек и Павел Кука, но во второто полувреме Русија постигнала дури три гола и повела со 2-3, за сепак преку Владимир Шмицер Чешка да стигне до реми кое се испоставило доволно за пласман во четвртфиналето. Во четвртфиналето Чешка се сретнала со Португалија и изборила победа со 1-0 која ја одвела во полуфиналето. Стрелец на единствениот гол во натпреварот бил Карел Поборски на почетокот на второто полувреме. Противник на Чешка во полуфиналето одиграно во Манчестер била Франција. Откако по регуларното време и продолженија немало голови, натпреварот стигнал до изведување на пенали како би се одредил првиот патник во финалето. Откако првите 10 пенали биле прецизно изведени, во шестата серија Рејналд Педрос промашил за Франција (одбранил голманот на Чешка Петр Коуба) по што Мирослав Кадлец бил прецизен и ја одвел Чешка во финалето. Во финалето против Германија, Чешка прва дошла во водство со голот на Патрик Бергер во 59-тата минута од пенал, меѓутоа Германија со двата гола на Оливер Бирхоф, прво во 73-тата минута а потоа и златниот гол во 5-тата минута од првото продолжение дошла до победа и го освоила Европското првенство. Со настапот во финалето Чешка го остварила својот најголем успех до денес во историјата на Европските првенства.

Remove ads

Последни квалификациски циклуси

Квалификации за Светско првенство 2018

Повеќе информации Поз., Екипа ...

Квалификации за Европско првенство 2020

Повеќе информации Поз., Екипа ...
Remove ads

Настапи на турнирите

Настапи на Светските првенства

Повеќе информации Светско првенство, Квалификации за Светско првенство ...

Настапи на Европските првенства


Повеќе информации Европско првенство, Квалификации ...


Настапи на ФИФА Купот на конфедерации

Повеќе информации ФИФА Куп на конфедерации, Година ...
Remove ads

Играчи

Моментален состав

Повеќе информации Бр., Поз. ...

Статистика на играчите

  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

Последна промена 14 април 2020.

Повеќе информации #, Име ...

Играчи со најмногу постигнати голови

Последна промена 14 април 2020.

Повеќе информации #, Име ...
Remove ads

Селектори

  • Чешка Душан Ухрин (1994–1997)
  • Чешка Јозеф Чованец (1998–2001)
  • Чешка Карел Брјукнер (2001–2008)
  • Чешка Петр Рада (2008–2009)
  • Чешка Франтишек Страка (2009)
  • Чешка Иван Хашек (2009)
  • Чешка Михал Билек (2009–2013)
  • Чешка Јозеф Пешице (2013)
  • Чешка Павел Врба (2014–2016)
  • Чешка Карел Јаролим (2016–2018)
  • Чешка Јарослав Шилхави (2018–денес)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads