Преднонепчена носна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Преднонепчена носна согласка (палатален назал) — вид на согласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ ɲ⟩,[1] (мало n со налево свртено опавче што излегува од долната лева ногарка на буквата). X-SAMPA ја користи буквата J. Симболот на МФА е сличен на симболите ⟨ɳ ⟩ (свиена носна согласка, и ⟨ŋ⟩ (заднонепчена носна согласка), но нивните опавчиња се поинакви.
Пренонепчените носни согласки се почести од преднонепчените избувни согласки како [c] и [ ɟ] (македонскиот ги има сите три).[2] Во македонскиот јазик, овој глас е претставен со буквата њ. Во шпанскиот и оние под влијание на шпанскиот правопис, се користи буквата ñ, додека италијанскиот и францускиот ја претставуваат согласката со диграмата gn.
Српскохрватската буква њ/nj не го претставува овој глас, туку венечно-преднонепчената носна согласка n̠ʲ. Некои јазици што го имаат овој глас напати го користат симболот ⟨ ɲ⟩, бидејќи за него нема посебен (единечен) симбол по МФА, а покрај тоа, ниеден јазик не ги разликува обете во својот гласовен систем.
Remove ads
Особености
Преднонепчена носна согласка:
- Ова е носна согласка, што значи дека воздухот излегува низ носот, или само низ носот (носна избувна согласка) или истовремено и низ устата.
- Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
- Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
- Ова е носна согласка, што значи дека воздухот излегува низ носот, или само низ носот (носна избувна согласка) или истовремено и низ устата.
- Бидејќи гласот не се создава со воздушен тек по јазикот, за оваа согласка не важи двојбата „средна–странична“.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads
Јазици
Многу јазици што велат дека имаат преднонепчена носна согласка (како португалскиот), всушност имаат венечн-преднонепчена носна согласка. Ова може да важи за неколку од наведените јазици. Многу малку јазици ги разликуваат овие две можности (пример се извесни дијалекти на малајалскиот).[3]
Remove ads
Поврзано
- Заднонепчена носна согласка
- Носна преднонепчена приближна согласка
Наводи
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads