Венечно-преднонепчена согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Венечно-преднонепчена согласка
Remove ads

Венечно-преднонепчена согласка (алвеопалатал) е согласка чија творба се случува измеѓу преднојазичните и среднојазичните согласки. На полната табела на МФА, венечно-преднонепчените согласки се сместени помеѓу свиените и преднонепчените согласки, но поради „немање на доволно простор“.[1] Ледифогид и Медисон ги карактеризираат како палатализирани (омекнати) задновенечни гласови (омекнати преднонепчено-венечни гласови) што се создаваат со рамниот дел од јазикот зад забиот венец и главнината од јазикот повишена кон тврдото непце,[2], додека Ислинг ги опишува како издадени преднонепчени гласови (претпреднонепчени), (најнапред од сите среднојазични согласки), што се создаваат со главнината на јазикот кога се доближува до забниот венец.[1] Овие описи се практично истоветни, бидејќи во контактот се вклучени и рамниот и основниот дел (но без врвот) од јазикот. Доволно се напред за струјните и слеаните гласови да бидат шушкави, па затоа воедно се и единствените шушкави од среднојазичните согласки.

Thumb
Пресечен приказ на венечно-преднонепчен струен глас
Кратки факти Места натворба ...
Remove ads

Шушкави венечно-преднонепчени согласки

Венечно-преднонепчените шушкави согласки се застапени во кинеските јазици како мандаринскиот, хака и ву, други јазици од источноазискиот јазичен сојуз како јапонскиот и корејскиот, словенски јазици како спрскохрватскиот, полскиот, рускиот и северозападните кавкаски јазици како апхаскиот и убишкиот. Според Меѓународната фонетска азбука, постојат следниве венечно-преднонепчени согласки:

Повеќе информации МФА, Опис ...

Буквите ⟨ɕ⟩ и ⟨ʑ⟩ се во суштина истоветни на ⟨ʃʲ⟩ и ⟨ʒʲ⟩. Тие се шушкави хомолози на претпреднонепчените струјни гласови [ç̟] и [ʝ̟].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads