Рада Галева

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Рада Јованова Галева (14 јануари 1916 во Тетово) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Животопис

Thumb
Рада Галева е носител на Партизанската споменица 1941.

Од 1933 година учествувала во напредното младинско движење, а потоа и во работничкото преку УРС-совите синдикати. Војната ја затекнала во Белград, како активен учесник во НОД. Во февруари 1942 година дошла во Скопје како член на КПЈ. Формирала групи на жени со кои собирала народна помош и растурала илегален материјал. Во октомври 1942 година била уапсена, но по 2 месеца ослободена. Поради извршувањето на специјални задачи за НОД била држана на поединечна врска преку Блага Попова. Во февруари 1944 година стапила во единиците на НОВ и ПОМ на Козјак и била избрана за секретар на СКОЈ во младинскиот баталјон на Треттата македонска ударна бригада. Потоа, била повлечена за работа во Командното место Жегљане, Кумановско, а во јуни 1944 година била избрана за член на Околискиот комитет на КПМ за Кумановско. Била ангажирана во формирањето на АФЖ, НОФ на кумановскиот терен.[1]

Remove ads

Активност по војната

Рада пишувала во весникот „Македонка“ таа ја претставила новата кампања против неписменоста и ја објаснува потребата од вршење попис на неписменото население во земјата. Нејзини статии се: „Да се приготвиме за новата кампања против неписменоста“ (год.3, бр.23, септември 1946), стр. 7; и „Неделата на борба против неписменоста“ (год.3, бр.24, октомври 1946), стр.4.[2]

Учествувала на четвртата седница на петтото редовно заседание на Народното собрание на Народна Република Македонија одржано на 31 јануари 1953 година, на кое земала збор.[3]

Празнината од непостоењето на учебници после војната ја пополнувале различни изданија кои имале содржини од историјата на македонскиот народ. Едно од нив наречено Четиво, народна просвета со календар за 1958 година, било подготвено од Ѓорѓи Абаџиев, Киро Билбиловски, Душко Брдарски, Велимир Брезовски, Рада Галева, Благој Дрнков, Киро Ѓорѓиевски, Митко Зафировски, Неџет Јашар, Иван Кацарски, Милтијадис Колически, Доксим Муратоски, Борис Поп Ѓорчев, Гого Попов, Борис Стојанов и Коста Трпков. Била издадена во 1958 година од Печатница „Нова Македонија” од Скопје, во кое биле собрани текстови од различни дисциплини меѓу кои по месеци биле распоредени државните празници, содржини од националната и светската историја, просветата, културата, стопанството, како и содржини за совети, спорт и занимливости.[4]

Во 1974 година била избрана да биде дел од Републичкиот одбор.[5]

Remove ads

Одликувања

Носител е на Партизанска споменица од 1941 година и повеќе одликувања.[1]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads