Роландо Мандрагора
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роландо Мандрагора (роден на 29 јуни 1997 година, во Неапол) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина.
Remove ads
Технички одлики
Флексибилен играч од средниот ред кому природна му е левата нога, физички цврст и има добра техника, игра главно пред одбраната.
Клупска кариера
Мандрагора израснал играјќи за младинскиот тим на Џенова, а своето деби за првиот тим во Серија А го направил на 29 октомври 2014 година, на возраст од 17 години и 4 месеци, во натпреварот Џенова-Јувентус (1-0) во кои добил шанса од тренерот Гасперини да започне како стартер.[1] Својата прва сезона како професионалец ја завршил со пет настапи во лигата.
На 24 јули 2015 година официјално се преселил во Пескара во Серија Б, на позајмица со право на откуп и можен контра свој во корист на грифоните. Дебитирал во Серија Б, на 11 септември 2015, во натпреварот Пескара - Перуџа (2-1) на Стадионот Адриатико. На 19 јануари 2016 година, официјално Јувентус го купил Мандрагора за 6 милиони €, но играчот останал во Пескара до крајот на сезоната.[2] На 30 април се здобил со фрактура на метатарзална коска во десната нога во првенствениот натпревар против Виртус Ентела,[3] поради што морал предвреме да ја заврши сезоната со 26 настапи во лигата и еден во купот.
На почетокот на следната сезона Мандрагора му се приклучил на Јувентус, но поради повредата од претходната сезона бил опериран во август а прогнозите најавувале 3 до 4 месеци пауза. Тој се вратил на тренинзите во јануари, а своето деби за Јувентус го направил на 23 април 2017 влегувајќи од клупата за резерви на местото на Клаудио Маркизио во победата со 4-0 над Џенова.
На 5 август 2017, Мандрагора бил позајмен на Кротоне до крајот на сезоната 2017-2018.
Remove ads
Репрезентативна кариера
Дебитирал за италијанската репрезентација под 21 година на 12 август 2015 година, на возраст од 18 години, во пријателскиот натпревар Унгарија-Италија (0-0), одигран во Телки.
Клупска статистика
Статистиката е ажурирана на 13 јули 2016.
Титули
Јувентус
Серија А (1) : 2016-2017
Куп на Италија (1) : 2016-2017
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads