Ролшуи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ролшуи (само множина), (германски: Rollschuh) – вид спортска опрема која се носи на нозете и чии два паралелни пара тркалца овозможуваат движење по рамно тло. Постојат и ролшуи кај кои е можно да се извади делот со тркалца и да се претворат во обични чевли, а подоцна повторно да се вратат.

Ролшуите се многу слични со ролерите, но постојат видливи разлики. Ролшуите вообичаено имаат два пара тркалца, додека ролерите имаат тркалца во една линија. Ролшуите даваат подобра потпора, додека ролерите кои обично се потесни и имаат продолжеток вон стапалата, овозможуваат побрзо движење.
Remove ads
Историја

Првите лизгалки со тркалца ги патентирал холандскиот виолинист и пронаоѓач Џон Џозеф Мерлин во 1760 година[1] Неговите лизгалки биле лизгалки за мраз кај кои површината за лизгање била заменета со две тркалца кои овозможувале движење (денешни ролери). Мерлин својот изум го претставил на маскенбал во Лондон. Мерлин свирел на виолина додека се движел на ролшуите, па во еден момент изгубил рамнотежа и паднал.[2] Движењето и застанувањето со овие лизгалки било тешко , па не биле популарни.
Во 1863 година, Џејмс Плимптон од Масачусетс го унапредил Мерлиновиот изум со промена на конфигурацијата на тркалцата, ставил два пара тркалца со различни оски.[3] Ваквите ролшуи биле полесни за управување заради поголемата стабилност која ја давале, па станале исклучително популарни. Врв на популарноста доживеале во триесеттите години на 20 век, а и денешните ролшуи се многу слични со Плимптоновите.
До 1956 година биле користени железни тркалца. После тоа биле воведени гумени кои наскоро биле заменети со пластични. Гумените и денес се користат на ролшуи за натпреварување.
Музејот на историјата на возење на ролшуи се наоѓа во градот Линколн во Небраска.[4]
Remove ads
Возење на ролшуи како спорт

Возењето на ролшуи во почетокот било вид забава и рекреација, но со порастот на популарноста почнало да прераснува во спорт. Се развиле неколку дисциплини: трки на ролшуи, уметничко ролање и хокеј на ролшуи. Хокејот на ролшуи стекнал огромна популарност во осумдесеттите години, па како показен спорт бил присутен на Олимписките игри во 1992 година во Барселона[5]. Според истражување од 1999 година, бројот на лица кои играле хокеј на ролшуи бил преку 2,5 милиони. Хокејот на ролшуи бил предложен за постојан спорт за Олимписките игри во 2012 и 2016 година, но не поминал.[6] После овие дисциплини се појавиле и две нови: ритмичко-гимнастичко ролање и дерби на ролшуи.
Remove ads
Предности од возењето ролшуи
Според податоците на Здружението за возење ролшуи, возењето ролшуи позитивно влијае на здравјето на корисникот. Возејќи ролшуи лицето изведува аеробик-вежби и согорува 350 калории при брзина од 10 км на час и 600 калории при брзина од 16 км на час.[7] Возењето ролшуи и ролери препорачува и Американското здружение за срце како добар вид вежба која позитивно влијае на работата на срцето.
Галерија
- Реклама за модел од раните години на 20 век кој се користи со обични чевли
- Млада жена се вози на ролшуи покрај група жени борци за право на глас пред Белата куќа, 1917
- Девојка на ролшуи, 1921
- Вообичаен дизајн на ролшуи од 1960-тите
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads