Саксонска Шума
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Саксонска Шума (германски: Sachsenwald) — една од двете слободни области во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Другата е Буххолц, во округот Зегеберг. Се наоѓа источно од Хамбург во југозападниот дел на округот Војводство Лауенбург и се граничи со округот Штормарн.
Remove ads
Географија
Саксонската Шума зафаќа површина од близу 70 км2 и со тоа е најголемата шумска област во Шлезвиг-Холштајн. Припаѓа на општинската заедница Хое Елбгест како слободна област.
Саксонската Шума поделена е на три подрачја:
- Аумиле
- Волторф
- Штангентајх
На пописот на населението од 25 мај 1987 година во областа се запишани шест станбени објекти, сите ненаселени.
Населените делови на шумата припаѓаат како енклави на општината Аумиле.[1]
Низ Саксонската Шума во насока исток-запад тече Шварце Ау. Долж северозападната граница на областа тече реката Биле, во која кај Аумиле се влева Шварце Ау.
Целокупната долина на Биле е прогласена за природна област.
Површина
Областа се состои 94% од шума, одвај три проценти од земјоделска површина и три проценти патишта:[2]
Remove ads
Сообраќај
Патен
Саксонската Шума е важна област за одмор за Хамбург. Патишта кои поминуваат низ Саксонската Шума се:
- Автопатот А 24 (4км од исток на запад во северниот дел)
- Сојузниот автопат Б404 (5,5 км од Касебург на север кон Шварценбек на југоисток во источниот дел)
- Покраинскиот пат Л208 (10 км од Гранде на север кон Крепелсхаген-Фарендорф на југ во западниот дел)
- Покраинскиот пат Л314 (6 км од Аумиле на запад кон Дасендорф на југ во западниот дел)
Железнички
- Низ областа поминува линијата Хамбург-Шверин-Росток во насока исток-запад, на која сообраќа регионалниот воз Р20. Блиски постојки се Аумиле, Фридрихсру и Шварценбек.
- Линијата С21 на хамбуршката С-Железница завршува на постојката Аумиле.
Remove ads
Знаменитости
- Замок Фридрихсру со музеј и мавзолеј на Бизмарк (замокот не е јавен)
- Градина на пеперутки во Фридрихсру (отворен цела година)
- Клетергартен
- Фондација Ото фон Бизмарк во железничката станица на Фридрихсру
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads