Свети Тодор (Леринско)

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Свети Тодор (Леринско)map
Remove ads

Свети Тодор или Черкезќој (грчки: Λιμνοχώρι, Лимнохори; до 1926 г. Τσερκέζκιοϊ, Церкезќој[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 257 жители (2011). Сè до 1881 г. било населено исклучиво со Македонци, а подоцна станало черкеско.[3]

Кратки факти Свети Тодор Λιμνοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, на источниот брег на езерото Зазерци. Се наоѓа 52 км јужно од Лерин и 6 км јужно од Ајтос

Историја

Селото меѓу најстарите во целата област. Со археолошките ископувања на брегот и во езерото се пронајдени остатоци од населби од неолитот и од римско време.

Во Отоманското Царство

Во османлискиот дефтер на христијанското население од Леринскиот вилает за 1626-27 г. селото се среќава како Исвети Тодори со 33 даночни домаќинства.[4]

Во XIX век Свети Тодор било чисто македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Свети Тодор (Sveti-Todor) било село со 60 домаќинства од 185 жители Македонци.[5][6] Во 1881 г. состојбата се сменила, кога турските власти го истиснале македонското население и тука населиле Черкези пребегани од Крим.[3] Жителите се преселиле во Ајтос и некои други соседни македонски села.[3] Така, местото станло познато како Черкезќој (или Черкез Ќој), што значи „черкеско село“. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Свети Тодор имал 300 Черкези и 100 Турци.[7] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во годините пред Балканските војни селото се состоело од 30 муслимански куќи.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Свети Тодор се води како чисто черкеско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[8]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало во војните, таа година селото се намалило 156 жители, а во 1920 г. во него живееле 122 лица.[3] Во 1920-тите населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Понд. Во 1928 г. селото било чисто дојденско со 126 жители од 37 семејства.[9] Во 1926 г. е преименувано воЛимнохори, што значи „езерско село“.[10]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото произведува детелина, жито и сточарски преработки.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads