Славејче

птица From Wikipedia, the free encyclopedia

Славејче
Remove ads

Славејче или славеј (науч. Luscinia megarhynchos) — мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата. Таа е континентална птица позната по својата убава песна. Славејчето го има во Македонија.

Кратки факти Славејче, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Thumb
Славејче
Thumb
Luscinia megarhynchos

Славејчето е малку поголемо од црвеногушката, долго 15-16,5 см. Светлокафено е одозгора, освен црвеникавата опашка. Одоздола е кремастобело. Половите се слични. Источните подвидови L. m. hafizi и L. m. africana се посветли одозгора со поизразена украсеност на лицето. Песната на славејчето[2] е опишана како еден од најпрекрасните звуци во природата, и служи како инспирација на создавање музика, приказни, опери, поезија.[3]

Remove ads

Распространетост и живеалиште

Славјчето е птица преселничка која се храни со инсекти и се размножува и е природен жител на шумовитите предели и грмушките во Европа и југозападна Азија, и не е природна неговата распространетост во Америка. Гнезди на земја во близина, или на самите грмушки. Зимува во јужна Африка. За географските параметри на живеалиштето, од рајнската област во Германија, се согласуваат со неколку параметри:.[4]

  • живее на помалку од 400 м надморска височина;
  • кога растат, температурата на воздухот не може да биде под 14 °C;
  • повеќе од 20 дена годишно температурите да бидат над 25 °C;
  • годишните врнежи да бидат помалку од 750 мм;
  • индексот на влажност да е помал од 0.35;
  • да нема затворена крошна на дрвјата.
Remove ads

Поведение

Англискиот назив на птицата Nightingales (ноќна песнопојка), потекнува од тоа што птицата пее и ноќе исто како и дење. Тоа име се користи повеќе од 1000 години. Порано писателите мислеле дека женките пејат, а тоа се всушност мажјаците. Песната е гласна, со импресивна палета на свиркање, треперење и црцорење. Таа е особено забележлива во текот на ноќта, затоа што и неколку други птици пеат. Само неспарените мажјаци пеат редовно во текот на ноќта, и ноќната песна веројатно служи за да се привлече партнер. Пеењето, пак, во раните утрински часови, точно пред изгрејсонце, се претпоставува дека е важно за одбраната на територијата на птиците. Славејчињата уште погласно пеат во урбаните или во места близу до урбаните за да ја надминат градската бучава.

Размножување

Славејот пристигнува на местото за размножување во почетокот на април. Прво доаѓаат мажјаците околу 28 март, а женките пристигнуваат околу 12 април. Тие се територијални птици. Гнездото го поставуваат на ниско на дното на гранките или во грмушките, и го гради главно од стари листови,а внатрешниот дел е послан со тенки тревички. Обично, годишно имаат по две легла. Женката несе 4-5 темнозелени јајца кои се изведуваат по 14 дена. По изведувањето пилињата брзо добиваат пердуви, а на дванаесеттиот ден почнуваат да го напуштаат гнездото.

Славејот во уметноста и во популарната култура

Славејот е важен симбол на поетите од различни времиња, со различни симболички значења. Хомер, на пример го прикажува славејот во „Одисејата“, во делот што укажува на митот за Филомела и Прокне, каде Зевс ги казнува претворајќи ги едната во славеј, другата во ластовичка.[5][6] Истиот мит е во фокусот на Софоклевата трагедија „Тереј“. Овидиј, исто така, во своите „Преобразби“, ја вклучува најпопуларната верзија од овој мит.[7] Поради насилствата поврзани со митот, песната на славејот долго време била толкувана како жална. Во ренесансата, еден од расказите во „Декамерон“ од Бокачо се вика „Славејчето“[8][9]
Славејот, исто така, е инспирација за поетите.[10] Поетите го избраат славејот како симбол, зарди неговата креативна и навидум спонтана песна. Вергилиј ја споредува тагата на Орфеј со „жалната песна на славејот“.[11] Шекспир во Сонет 102, ја споредува својата љубовна поезија со песната на славејот, спомнувајќи го митот за Филомела. За време на романтизмот симболиката на птицата се смени уште еднаш: поетите го гледале славејот не само како поет, сам за себе, туку како „господар на вишата уметност, кој му дава вдахновение на човечкиот поет“. Во Македонија, најстариот и најпопуларниот фестивал за детски песни се вика „Златно славејче“, јасно симболизирајќи и поврзувајќи го пеењето на децата со песната на славејот.

Славејот како тема во книжевноста

Славејот како тема во музиката

  • „Славеј“ (Nightingale) - песна на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1975 година.[32]
  • Пијан славеј“ - песна од истоимениот албум на македонската група „Фолтин“ од 2015 година.[33]
  • „Билбил“ - песна на македонските музичари [[Елена Христова и Горан Трајкоски од 2011 година.[34]
  • „Биљбило пее по росата“ - македонска народна песна.[35]
  • „Саноќ ми билбил пропеа“ - македонска народна песна.[36]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads