Сува Гора (Преспа)

планина во Мала Преспа, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Сува Гора (Преспа)
Remove ads

Сува Гора или Сува Планина (албански: Mali i Thatë) — планина во Мала Преспа, југоисточна Албанија со мал крак во околината на Љубаништа и Свети Наум во Охридско, југозападна Македонија и дел во Долна Преспа, Егејска Македонија. Висока е 2.288 м и претставува јужно продолжение на Галичица. Се граничи со Преспанското Езеро на исток, Охридското Езеро на северозапад и гледа кон градот Поградец на запад. Се протега во должина од 25 км во правец север-југ, а широка е 8 км во средишниот дел. Највиско место на планината е Вир (Pllaja e Pusit), на нешто поголема височина од врвот на самата Галичица во потесна смисла. Од овој врв се гледаат неколку планини во Албанија, Охридското и Преспанското Езеро, како и планината Баба на Пелистер (2.601 м) — трета по висина во Македонија.

Кратки факти Сува Гора, Највисока точка ...

Планината има антиклинален облик и е речиси целосно сочинета од мезозојски варовнички образби.[2] Падините се карпести и каменливи (особено од западната страна), додека пак билото е речиси рамно, но полно со карстни шуплини.

Remove ads

Сртови

Планината има неколку сртови со одделно име кои се вон нејзиниот средиштен дел: Дева (1.373 м), Калуѓер (1.480 м), Слива (1.414 м) и Цуцул (1.455 м).

Планинарење

Планината најдобро се искачува од страната на Поградец, почнувајќи од селото Аларуп, преку с. Грабовица па на исток до селата Блаце и Братомир.[3]

Растителност и ресурси

Растителноста на Сува Гора претежно се состои од пасишта, додека источната страна кон Пустец е обрасната со буково-дабови шуми и честак.

Кај селото Горна Горица почвата е богата со железната руда боксит и наоѓалишта на креда.[2]

Историски настани

Во Албанската буна од 1911 г. на Сува Гора се одвивале борби, во кои влашката чета на војводата Спиро Белкамени го поразила отоманскиот контингент.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads