Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пирава
црква во селото Пирава From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи — главна црква во валандовското село Пирава, а воедно и парохиски храм на Пиравската парохија.[1]
Remove ads
Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село Пирава, сместена непосредно до самото сретсело.
Историја
Црквата е изградена по земјотресот од 1931 година, во периодот од 1932 до 1934 г. Реновирана е во 1994 година и осветена е од тоашниот поглавар на МПЦ, г.г. Михаил.[2]
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм. Куполата, која е со осумстран тамбур, се потпира на четири пиластри поврзани со лакови. Нартексот на црквата е засводен со попречен свод на две води. Меѓу првата припрата и куполата се издига камбанаријата. Таа е свртена кон запад и е опремена со голема камбана. На источната страна, храмот завршува со апсида која е тешко приемлива. Црквата има оградено дворно место и два влеза - од северната и од јужната страна.[2]
Над главниот влез од црквата има витраж на кој е прикажан Свети Ѓорѓи како го убива аждерот.
Иконостас
Иконостасот во внатрешноста на црквата го сочинуваат стари и нови икони кои потекнуваат од почетокот на XX век. Тој е изработен во времето кога се подигала црквата, а иконите ги насликал познатиот зограф Димитар Папрадишки.[2]
Галерија
- Влезната порта во црквата
 - Предната страна на црквата
 - Камбанаријата на црквата
 - Главната влезна врата од црквата
 - Витраж над главната влезна врата од црквата
 - Иконостасот во црквата
 - Трифора на ѕид од црквата
 - Поглед на црквата
 - Камбанаријата
 - Натпис на влезот
 - Поглед на црквата
 - Влезот
 - Црквата со камбанаријата
 - Поглед на црквата
 
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



