Црква „Св. Атанасиј“ - Горно Фалише

црква во историското село Горно Фалише From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Горно Фалишеmap
Remove ads

Свети Атанасиј — главна селска црква во некогашното тетовско село Горно Фалише, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа меѓу обработливи површини како единствен зачуван објект на некогашното село Горно Фалише, која денес е одржувана од селаните на Стенче, бидејќи поголемиот дел од атарот на Горно Фалише припаднал на Стенче.

Историја

За црквата нема податоци кога била изградена, иако Горно Фалише постоело уште од XV век.[2] Селото било сместено во рамничарскиот дел на Полог.[3]

До 1920-тите години, на денот на патронот (31 јануари) се одржувал голем собор, кога доаѓале селаните од околните села (Стенче, Волковија, Сенокос, Теново, Тумчевиште и други) и се приредувал панаѓур. Во минатото, во црквата по празниците редовно доаѓале селаните од Тумчевиште.[2]

За време на воениот конфликт во 2001 година во црквата било развиорено албанското знаме и пред вратата имало оставена бомба кашикара.[4]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads