Горно Фалише

историско село во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Фалишеmap
Remove ads

Горно Фалише — историско село во областа Горен Полог, во Општина Брвеница, Тетовско.

Кратки факти

Денес, од некогашното село е останата само црквата „Св. Атанасиј“, додека околу нејзе се наоѓаат обработливи површини.

Црквата ја одржуваат луѓе од селото Стенче, бидејќи и целиот стар селски атар е вметнат во стенчанскиот.

Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓало околу 3 километри на запад од соседното село Стенче, на левата страна од реката Вардар.[2] Селото било сместено во рамничарскиот дел на Полог.[3]

Историја

Горно Фалише било старо село, бидејќи се споменува во 1461 или 1462 година како село покрај кое поминувал патот од Горно Фалише за Пиргос (денешен Пирок).[2] Селото се споменува во XV век под името Горно Хвалишта.[4]

Селото било населено со православно македонско население и во него имало две цркви посветени на Свети Атанасиј. Покрај селото водел пат од Горен за Долен Полог наречен „Скопски Пат“. Затоа, селото било изложено на напади и населението почнало да се намалува.[2]

Околу 1870 година, Горно Фалише било чифлигарско село со околу 30 македонски куќи. Тогаш, муслиманските сопственици ја продале земјата заедно со куќите на околните поимотни селани од селата Стенче, Волковија и Чегране, поради што селаните морале да се иселат, бидејќи новите сопственици ја претвориле земјата во ниви.[2]

Последните жители кои го напуштиле селото се преселиле во соседното Радиовце, и од тамошната црква го донеле сребрениот крст, со кој денес се осветуваат водите за Водици и поради тоа селото има 2 крста.

Remove ads

Стопанство

На Вардар се наоѓале воденици, кои биле споменати во турски документи.[3]

Население

К`нчов во последната деценија на XIX век кога ја посетил Македонија, опишал дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а веќе во 1890 опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни.[5]

Родови

Стенче било македонско село со православно население.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски се знае за следниве родови од селото: Ангеле, Петре, Дамњан и Огњан, преминале во Стенче. Нивните семејства таму изумреле; Ивановци заминале во Тумчевиште, но и тие изумреле таму; Билбиловци заминале во Тетово. Имало и други иселеници во Радиовце, Врапчиште и Волковија.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[6]

Во минатото постоела уште една истоимена црква, која се наоѓала на месноста Крс, каде покрај урнатините од црквата се ископувале темели од куќи и гробови.[2]

Редовни настани

Слави

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads