Црква „Св. Илија“ - Стровија
црква во селото Стровија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија – главна селска црква во селото Стровија.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во XIX век.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида украсена со три слепи ниши на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на Свети Илија. Кон западната страна на храмот е дограден помошен објект. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и дел од селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. На секоја страна од долниот дел има по една монофора, додека на секоја страна од горниот дел има по една бифора.
Remove ads
Галерија
- Влезната порта од дворот на црквата
- Влезот на црквата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гобишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads