Црква „Св. Никола“ - Брждани

црква во селото Брждани From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Бржданиmap
Remove ads

Свети Никола — главна селска црква во селото Брждани.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена североисточно од селото, во планинскиот дел, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.[2]

Историја

Црквата била изградена кон крајот на XIX век.

Денешната црква е изградена во 1872 година. Оваа година е врежана на една камена плоча вградена во подот на црквата и всушност е еден од малкуте извори што говорат за црквата и нејзината историја.[3]

Архитектура

Црквата претставува типичен споменик од времето на преродбата. Изградена е како еднокорабна базилика со валчест свод и една широка калота над наосот. Апсидата е петстрана и обликувана со архиволти. Црквата не била вкопана во земја и во неа се влегува качувајќи се по неколку скали.[3]

Фрескоживопис

Фрескоживописот во олтарната зона на црквата бил изведуван од страна на Аврам Дичов во 1874 година.[3]

Иконостас

Најстарите икони во црквата потекнуваат од 1849 година и се дело на познатиот мајстор Дичо Зограф. Истите веројатно припаѓале на постарата црква, која во 1872 година е обновена и проширена. Доказ за тоа се наоѓа и во престолните икони на Христос, Богородица и Јован Претеча, кои имаат издолжена форма.[3]

За обновената црква бил изработен и нов, значително поголем иконостас со расчленета структура и нови престолни икони сликани непосредно пред 1872 година од непознат зограф. Старите престолни икони на Дичо Зограф биле отстранети и поставени во олтарниот дел на црквата, а само шест икони со претстави на апостолите нашле место во новиот иконостас.[3]

Во 1874 година за целосно довршување на иконостасот се вклучил Аврам Дичов. Ја насликал престолната икона на Богородица со Христос, каде што оставил свој потпис, но истовремено насликал и десетина други икони за горната зона на иконостасот.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads