From Wikipedia, the free encyclopedia
Љубинко Друловиќ (роден на 11 септември 1968 година, во Нова Варош) - југословенски и српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Љубинко Друловиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 11 септември 1968 | ||
Роден во | Нова Варош, СФРЈ | ||
Држава |
Југославија СР Југославија (1992-2003) Србија и Црна Гора (2003-2006) Србија (од 2006) | ||
Висина | м | 1,70||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Сегашен клуб | Србија У21 (селектор) | ||
Повлекување | 2005 (37 г.) - како играч | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1988-1989 | Слобода Ужице | 55 | (9) |
1990-1992 | Рад | 77 | (25) |
1992-1993 | Жил Висенте | 44 | (17) |
1994-2001 | Порто | 225 | (40) |
2001-2003 | Бенфика | 50 | (5) |
2003-2004 | Партизан | 26 | (5) |
2004-2005 | Пенафиел | 8 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1996-2001 | СР Југославија | 38 | (3) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Кариерата ја започнал во Југославија, каде играл за екипите на Слобода Ужице и Рад, а потоа се преселил во Португалија каде го поминал најголемиот дел од својата играчка кариера и каде меѓу другите клубови го носел дресот и на гигантите Порто и Бенфика. Во Порто поминал седум сезони, освојувајќи 14 титули со клубот.
Во периодот 1996-2001, Друловиќ бил репрезентативец на СР Југославија, за која настапил на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.
По завршувањето на играчката кариера, Друловиќ започнал да се занимава со тренерска работа. Покрај неколку клубови кој ги водел, тој исто така, бил селектор на репрезенациите на Србија и на Македонија. Од 2023 е селектор на српската репрезентација под 21 година.
Друловиќ е роден во Нова Варош, СФРЈ, а својата професионална кариера ја започнал во екипата на Слобода Титово Ужице со која дебитирал во сезоната 1988-1989 во втората југословенска лига. Следната година преминал во екипата на Рад за која настапувал две години во првата југословенска лига до распадот на истата.
Во летото 1992 година, тој потпишал двегодишен договор со португалскиот прволигаш Жил Висенте, каде се задржал до декември 1993 година, кога потпишал за славниот португалски клуб Порто; играјќи за двата клуба во сезоната 1993-1994, Друловиќ постигнал вкупно 18 голови што била неговата најплодна сезона во кариерата.[1]
Тој бил еден од ретките играчи на Порто кој придонеле за секоја од петте последователни титули во текот на 1990-тите години. Покрај тоа, во Порто тој останал запаметен по неговите додавања и асистенции за погодоци, пред се како резултат на неговата способност за прецизно нафрлување на топката, правејќи го тоа најчесто до главата на напаѓачот Марио Жардел,[2] кој како расен стрелец немал проблеми неговите додавања да ги претвора во голови, завршувајќи како најдобар стрелец во португалското првенство четири сезони по ред (1996-1997, 1997-1998, 1998-1999 и 1999-2000) освојувајќи притоа и две титули златна копачка за најдобар стрелец во Европа (1998-1999 и 2001-2002).
Во јуни 2001 година, тогаш веќе 33-годишниот Друловиќ се приклучил на екипата на Бенфика,[3] големиот ривал на Порто, каде сепак немал големи успеси. Во сезоната 2002-2003, тој се вратил во татковината каде потпишал за Партизан. Таму бил еден од највлијателните играчи на тимот, помагајќи им на црно-белите да изборат настап во групната фаза на Лигата на шампионите во сезоната 2003-2004, во која титулата ја освоил неговиот поранешен клуб Порто.
Една година подоцна, Друловиќ се вратил во Португалија завршувајќи ја својата кариера во екипата на Пенафиел заедно со поранешниот соиграч од Порто, Антонио Фоља.[4]
Своето деби за репрезентацијата на СР Југославија, Друловиќ го имал на 28 декември 1996 година, играјќи во пријателскиот натпревар против Аргентина одигран во Мар дел Плата, кој завршил со победа на аргентинците со 3-2; во истиот натпревар тој го постигнал и својот прв гол за репрезентацијата. После тој натпревар, тој продолжил редовно да добива повик во репрезентацијата во следните пет години, забележувајќи вкупно 38 настапи и 3 гола.
Тој бил дел од составот на СР Југославија на Светското првенство 1998, каде не забележал ниту еден настап, и на Европското првенство 2000, каде ги одиграл сите четири натпревари на патот на неговата репрезентација до четвртфиналето.[5] Во групната фаза на првенството, тој постигнал гол во ремито 3-3 против Словенија,[6] а имал и 4 асистенции за други голови на Југославија во текот на турнирот.
Својот последен натпревар за репрезентацијата го одиграл на 6 октомври 2001, во победата со 6-2 над Луксембург во квалификациите за Светското првенство 2002.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― СР Југославија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
28-12-1996 | Мар дел Плата | Аргентина | 2 – 3 | СР Југославија | Пријателска | 1 | 86' | |
7-2-1997 | Хонгконг | Русија | 1 – 1 прод. (5 – 4 пен.) | СР Југославија | Пријателска | - | 82' | |
10-2-1997 | Хонгконг | Хонгконг | 1 – 3 | СР Југославија | Пријателска | - | 67' | |
12-3-1997 | Белград | СР Југославија | 0 – 0 | Русија | Пријателска | - | 67' | |
2-4-1997 | Прага | Чешка | 1 – 2 | СР Југославија | Квал. за СП 1998 | - | 85' | |
30-4-1997 | Белград | СР Југославија | 1 – 1 | Шпанија | Квал. за СП 1998 | - | ||
8-6-1997 | Белград | СР Југославија | 2 – 0 | Словачка | Квал. за СП 1998 | - | 69' | |
12-6-1997 | Сеул | Гана | 1 – 3 | СР Југославија | Пријателска | - | ||
20-8-1997 | Санкт Петербург | Русија | 0 – 1 | СР Југославија | Пријателска | - | ||
10-9-1997 | Братислава | Словачка | 1 – 1 | СР Југославија | Квал. за СП 1998 | - | 67' | |
11-10-1997 | Та Кали | Малта | 0 – 5 | СР Југославија | Квал. за СП 1998 | - | 67' | |
15-11-1997 | Белград | СР Југославија | 5 – 0 | Унгарија | Квал. за СП 1998 | - | 46' 73' | |
28-1-1998 | Тунис | Тунис | 0 – 3 | СР Југославија | Пријателска | - | 45' | |
25-3-1998 | Богота | Колумбија | 0 – 0 | СР Југославија | Пријателска | - | ||
29-5-1998 | Белград | СР Југославија | 3 – 0 | Нигерија | Пријателска | - | 74' | |
3-6-1998 | Лозана | СР Југославија | 1 – 0 | Јапонија | Пријателска | - | 46' | |
18-11-1998 | Белград | СР Југославија | 1 – 0 | Ирска | Квал. за Евро 2000 | - | 75' | |
23-12-1998 | Рамат Ган | Израел | 2 – 0 | СР Југославија | Пријателска | - | 65' | |
8-6-1999 | Солун | СР Југославија | 4 – 1 | Малта | Квал. за Евро 2000 | - | 78' | |
18-8-1999 | Белград | СР Југославија | 0 – 0 | Хрватска | Квал. за Евро 2000 | - | 46' | |
1-9-1999 | Даблин | Ирска | 2 – 1 | СР Југославија | Квал. за Евро 2000 | - | 52' | |
5-9-1999 | Белград | СР Југославија | 3 – 1 | Македонија | Квал. за Евро 2000 | - | ||
8-9-1999 | Скопје | Македонија | 2 – 4 | СР Југославија | Квал. за Евро 2000 | 1 | ||
9-10-1999 | Загреб | Хрватска | 2 – 2 | СР Југославија | Квал. за Евро 2000 | - | 57' | |
23-2-2000 | Скопје | Македонија | 1 – 2 | СР Југославија | Пријателска | - | ||
28-3-2000 | Белград | СР Југославија | 1 – 0 | Кина | Пријателска | - | 46' | |
30-5-2000 | Сонгнам | Јужна Кореја | 0 – 0 | СР Југославија | Пријателска | - | 59' | |
13-6-2000 | Шарлероа | СР Југославија | 3 – 3 | Словенија | Евро 2000 - Прва фаза | 1 | детали | |
18-6-2000 | Лиеж | Норвешка | 0 – 1 | СР Југославија | Евро 2000 - Прва фаза | - | 81' | детали |
21-6-2000 | Бриж | СР Југославија | 3 – 4 | Шпанија | Евро 2000 - Прва фаза | - | детали | |
25-6-2000 | Ротердам | Холандија | 6 – 1 | СР Југославија | Евро 2000 - Четвртфинале | - | 70' | детали |
3-9-2000 | Луксембург | Луксембург | 0 – 2 | СР Југославија | Квал. за СП 2002 | - | ||
15-11-2000 | Букурешт | Романија | 2 – 1 | СР Југославија | Пријателска | - | ||
2-6-2001 | Москва | Русија | 1 – 1 | СР Југославија | Квал. за СП 2002 | - | 73' | |
6-6-2001 | Тофтир | Фарски Острови | 0 – 6 | СР Југославија | Квал. за СП 2002 | - | 70' | |
15-8-2001 | Белград | СР Југославија | 2 – 0 | Фарски Острови | Квал. за СП 2002 | - | 62' | |
1-9-2001 | Базел | Швајцарија | 1 – 2 | СР Југославија | Квал. за СП 2002 | - | 67' | |
6-10-2001 | Белград | СР Југославија | 6 – 2 | Луксембург | Квал. за СП 2002 | - | 44' | |
Вкупно | Настапи | 38 | Голови | 3 |
Друловиќ ја започнал својата тренерска кариера во скромниот португалски клуб ГД Туризенсе, во 2006–07 година.[7] На крајот од сезоната, тој добил професионална тренерска лиценца.
На почетокот на април 2008 година, Друловиќ станал тренер во екипата на ФК Банат од Зрењанин во српската Суперлига.[8] Како петти тренер во сезоната – тој го заменил Жарко Солдо. Кога го презел тимот бил на осмата позиција од вкупно 12.[9] Тимот бил во опасност од испаѓање во понизок ранг, бидејќи до крајот на сезоната останале само уште 11 кола. На крајот, на 17 мај во последното коло, тој не можел да му помогне на тимот да избори опстанок во лигата по поразот со 4:1 од екипата на ФК Војводина.[10]
Во јуни 2008 година, Друловиќ се преселил во Словенија и потпишал со клубот на НК Драва од Птуј. Речиси две години подоцна, во јануари 2010 година, бил назначен за тренер на ЦД Примеиро де Агосто од Анголската Гирабола лига.[11]
СР Југославија | ||
Година | Настапи | Голови |
---|---|---|
1996 | 1 | 1 |
1997 | 11 | 0 |
1998 | 6 | 0 |
1999 | 6 | 1 |
2000 | 9 | 1 |
2001 | 5 | 0 |
Вкупно | 38 | 3 |
Индивидуални признанија
- тренер на репрезенатацијата на Македонија од април 2015 година до октомври 2015 година
Во тој период репрезентацијата на Македонија одиграла вкупно 5 натпревари и постигнала резултат од 4 порази и 1 нерешен резултат.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
14-6-2015 | Жилина | Словачка | 2 – 1 | Македонија | Квал. за Евро 2016 | Аријан Адеми | Кап: Т. Пачовски | |
5-9-2015 | Луксембург | Луксембург | 1 – 0 | Македонија | Квал. за Евро 2016 | - | Кап: Т. Пачовски | |
8-9-2015 | Скопје | Македонија | 0 – 1 | Шпанија | Квал. за Евро 2016 | - | Кап: Т. Пачовски | |
9-10-2015 | Скопје | Македонија | 0 – 2 | Украина | Квал. за Евро 2016 | - | Кап: Т. Пачовски | |
12-10-2015 | Борисов | Белорусија | 0 – 0 | Македонија | Квал. за Евро 2016 | - | Кап: Т. Пачовски | |
Вкупно | Настапи | 5 | Голови | 1 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.