село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Ковче — село во Општина Македонски Брод, во близина на Самоков.
Ковче | |
Табла на влезот од селото | |
Координати 41°39′45″N 21°10′23″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Горно Порече |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03024 |
Надм. вис. | 550 м |
Ковче на општинската карта Атарот на Ковче во рамките на општината | |
Ковче на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Горно Порече, во источното подножје на планината Добра Вода. Лежи на брегот на Мала Река, во рамничарски предел, на надморска височина од 550 м. Атарот има површина од само 1,9 км2[2] Крај селото минува и регионалниот пат Растеш - Калуѓерец (Р2132), кој го поврзува со Самоков на северозапад. На неколку стотини метри североисточно од Ковче е фабриката за муниција „Сувенир“ („Сумбро“).
Подрачјето на Ковче е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Грамадиште на 2 км јужно од селото.[3]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]
Според податок од 1998 г. Ковче поседува 149 ха шуми, 26 ха обработливо земјиште и само 5 ха пасишта.[2]
Во XIX век Ковче било село во Поречката наија на Кичевската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ковче (Kovtché) било село со 6 домаќинства сочинети од 28 жители Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ковче имало 24 жители, сите Македонци христијани.[5][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ковче се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 2 куќи.[8]
На почетокот на XX век целото село било под удар на српската пропаганда и Цариградската патријаршија. Според патријаршискиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки, во 1904 г. во Ковче имало 4 „српски“ куќи.[9] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ковче имало 24 Македонци под патријаршијата и притисок на големосрпството.[5][10]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Ковче како македонско село.[5][11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[12]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Ковче отсекогаш било мошне мало село кое почнало да расте пред Втората светска војна. Со изградбата на фабриката „Сувенир“ во наредниот период, неговото население драстично се зголемило, но потоа почнало да опаѓа, веројатно поради прераспоредување на работната сила. Според пописот од 2002 г. селото имало 8 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 24 | 24 | 72 | 200 | 85 | 67 | 33 | 33 | 25 | 8 | 3 |
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0257 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Зркле и Старо Село, кое е сместено во Селскиот дом во Зркле.[18]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[19]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи.[20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.