From Wikipedia, the free encyclopedia
Мирослав Спироски (10 септември 1949, Србјани, Кичевско - 12 декември 2014, Скопје) — македонски новинар и публицист. Започнува со првите вести објавени на Радио Кичево (1968-1969), и набргу станува дописник на МРТВ, а повремено соработува и со „Млад Борец“, „Студентски збор“, „Просвета“, „Вечер“ и „Нова Македонија“.
Мирослав Спироски | ||
Роден | 10 септември 1949
Србјани, Кичевско | |
---|---|---|
Починал | 12 декември 2014
Скопје | |
Националност | Македонец | |
Занимање | новинар и публицист |
Од февруари 1970 година станува соработник на „Нова Македонија“, каде кариерата ја започнува во Скопската рубрика.
Во текот на сите овие години, Спироски во новинарството објавил околу 24.000 аналитички статии, коментари, осврти, репортажи и други текстови. Бил и ментор на студенти на Катедрата по новинарство.
Во последните години од неговиот живот, Спироски беше самостоен аналитички публицист. Повремено пишуваше и книжевни стории. Спироски беше член на Обединети за Македонија, член на претседателство на оваа партија и близок соработник на Љубе Бошкоски. По кратко и тешко боледување почина на 65 годишна возраст во Скопје. Погребан е на градските гробишта во Скопје Бутел.[1]
Во „Нова Македонија“ станува добитник на нејзините највисоки признанија: наградите за едногодишна дејност и за животно дело. Добитник е и на наградите „Крсте Мисирков“ за новинарство, и „Мито Хаџи Василев Јасмин“ за публицистика.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.