From Wikipedia, the free encyclopedia
Природна катастрофа е голем негативен настан како резултат на природни процеси на Земјата, меѓу кои и поплави, цунами, вулкански ерупции, земјотреси и други геолошки процеси. Природната катастрофа може да предизвика губење на живот или оштетување на имоти и обично остава економска штета зад себе, тежината што зависи од издржливоста на засегнатото население, или способноста да закрепнат.[1]
Негативниот настан нема да дојде до ниво на катастрофа ако се случи во област без ранливо население.[2][3][4] Секако дека во ранлива област, како Сан Франциско, еден земјотрес може да има катастрофични последици и да остави трајни оштетувања, за кои ќе бидат потребни години да се поправат.
Во текот на Првата светска војна, околу 40.000 до 80.000 војници загинаа како резултат на лавини во текот на планинската кампања во Алпите во Австријско-италијанскиот фронт, од кои многу беа предизвикани од артилериски оган.[5]
. Околу 60.000 луѓе се верува дека починале во овој земјотрес.
Земјотресот е резултат на ненадејно ослободување на енергија во Земјината кора, која создава сеизмички бранови. На површината на Земјата, земјотресите се манифестираат со вибрации, тресење, а понекогаш и поместување на земјата. Вибрациите може да се разликуваат во големина. Земјотресите се предизвикани главно од лизгање во геолошки раседи, но исто така и од други настани, како што е вулканска активност, лизгање на земјиштето, експлозии во рудник и јадрени проби. Подземната точка на потеклото на земјотресот се нарекува фокус. TТочката директно над фокусот на површината се нарекува епицентар. Земјотресите сами по себе ретко убиваат луѓе или диви животни. Тоа го прават обично секундарните настани што ги предизвикуваат, како уривањето на згради, пожари, цунами (сеизмички морски бранови) и вулканите што претставуваат всушност човечка катастрофа.Многу од нив може да се избегнат со подобра градба, безбедносни системи, рано предупредување и план за евакуација.
Некои од најзначајните земјотреси во последно време ги вклучуваат: Земјотресот во Индискиот Океан во 2004 година, tтрет по големина забележан земјотрес во историјата со моментна големинарегистрирана на 9.1-9.3. Во огромното цунамипредизвикано од овој земјотрес загинаа најмалку 229.000 луѓе.
[[Податотека:Deccan Traps volcano.jpg|thumb|Впечатокот на уметникот за вулкански ерупции, кои ја формираа Декан Капан во Индија
Вулканите може да предизвикаат големо уништување и последователна катастрофа на неколку начини. Последиците ја вклучуваат самата вулканска ерупција што може да предизвика штета следејќи ја експлозијата на вулканот или падот на карпата. Второ, лавата може да се произведе за време на ерупцијата на вулканот. Како што го напушта вулканот, лавата уништува многу градби и растенија што ги сретнува. Трето, вулканската пепел обично значи оладена пепел- може да формираат облак и се сместува густо во места кои се во близина.Кога ќе се измеша со вода ова формира материјал како концентрат. Во доволни количини пепелта може да предизвика паѓање на кровови поради тежината но дури и во мали количини ќе им наштети на луѓето доколку ја вдишат.Поради тоа што пепелта има густина на мат стакло предизвикува штета со нагризување на деловите што се движат како моторите. Главниот убиец на луѓето во непосредната близина на вулканската ерупција се пирокластичните текови, коишто се состојат од облак на жешка вулканска пепел што се крева во воздухот над вулканот и јури надолу по падините кога ерупцијата повеќе него поддржува подигнувањето на гасовите. Се верува дека Помпеја била уништена од пирокластични текови. Лахар е вулкански каллив тек или одронување на земја. Катастрофата во Тангиваи во 1953 г. била предизвикана од лахар, како и трагедијата во Армеро во 1985 г. во која градот Армаро беше потрупан и околу 23.000 луѓе загинале.
Посебен вид на вулкан е супервулкан. Според теоријата на катастрофа Тоба пред 75.000 до 80.000 години супервулканот кај езерото Тоба ја намалил човечката популација до 10.000 или дури и 1/000 парови за разможување создавајќи тешкотија во човечката популација.[7] Исто така загинаа три четвртини од растителниот свет во северната полутопка. Главната опасност од супервулканот е огромниот облак од пепел кој има катастрофални последици врз климата и температурата за многу години.
Поплава е излевање на големо количество вода што ја потопува земјата.[8] Директивата за поплави на ЕУ ја дефинира поплавата како привремено покривање на земјата со вода.[9] Во смисла на “течење вода”, зборот може исто така да се примени како прилив на плима. Поплавувањето може да биде резултат на количината на водата во простор од вода како река или езеро, што излива или ја разбива браната, со тоа што дел од водата бега од своите вообичаени граници.[10] Додека големината на езеро или некој друг простор со вода ќе се менува со сезонските промени на врнежите или топењето на снегот, не е значајна поплава ако водата ја покрива земјата која се користи од страна на човекот како село, град или друга ненаселена област, патишта, пространства на обработливо земјиште и др.
Некои од најзначајните поплави вклучуваат:
Тропските циклониможе да резултираат со големи поплави и невреме како што се случи со:
[[Податотека:Cow killed by Lake Nyos gasses.jpg|thumb|left|150px|Крава угушена од гасови од езерото Њос по алимнична ерупција] Лимнична ерупција се случува кога гас, обично CO2, одеднаш избувнува од длабока езерска вода, поставувајќи закана од угушување на дивиот свет, добитокот и луѓето. Ваква ерупција миже исто така да предизвика цунами во езерото како што зголемувањето на гас ја истиснува водата. Научниците веруваат дека одронувањето на земјиштето, вулканската активност можат да предизвикаат ваква ерупција. До денес, само две лимнични ерупции биле забележани и снимени:
TЦунами може да бидат предизвикани од подморските земјотреси како оние предизвикани во Ао Нанг, Тајланд, со земјотресот во Индискиот Океан во 2004 г. или од одронување на земјиштето како оној во Литаја Беј, Алјаска.
Виулиците се тешки зимски бури што се одликуваат со јаки снежни врнежи и силни ветрови. Кога илните ветрови го расфрлаат снегот што веќе е паднат, се нарекува земјена виулица. Виулиците може да влијаат на локалните економски активности, особено во региони каде што паѓањето на снег е ретко.
Значајни виулици вклучуваат:
Циклонот, тропски циклон, ураган, и тајфун се различни имиња за една иста појава е систем на циклична бура кој се формира над океаните. Најсмртоносниот ураган беше циклонот Бола од 1970 г.: најсмртоносниот атлантски ураган беше Големиот Ураган од 1780 г. што го опустоши Мартиник, Свети Евстахиј и Барбадос. Друг забележлив ураган е ураганот Катрина што го уништи Мексиканскиот Залив во 2005 г.
Суша е необично сушење на почвата, што резултира со уништување на посевите и недостиг од вода за други намени, предизвикани од значително пониски врнежи од просечно во текот на еден подолг период. Топли суви ветрови, високи температури и последователното испарување на влагата од земјата може да придонесе за услови на суша.
Познати историски суши вклучуваат:
Невреме со град се паѓање на капки дожд кои пристигнуваат како мраз наместо топење пред да ја погодат земјата. А особено штетно невреме со град го погоди Минхен, Германија, на 12 јули 1984 година, предизвикувајќи околу 2 милијарди долари во барања за осигурување.
Топлотен бран е период на невообичаено и претерано топло време. Најлошиот топлотен бран во неодамнешната европска историја беше Европскиот топлотен бран од 2003 г.
Летниот топлотен бран во Викторија, Австралија, создаде услови што поттикнаа масовни пожари во 2009 година. Мелбурн доживеа три дена по ред на температури над 40 °C (104 °F), со некои регионални области со неподнослива жештина низ многу повисоки температури. Пожарите, колективно познати како "црна сабота", беа делумно чинот на потпалувачите.
Во 2010 година, летото на северната полутопка резултираше со тешки топлотни бранови, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе. Тоа резултираше со стотици пожари што предизвикува голема загаденост на воздухот, и изгорени илјадници квадратни милји на шума.
Торнадото е насилно, опасно, вртечка колона на воздух што е во контакт и со површината на Земјата и со облакот комалинибус или, во ретки случаи основата на кумулус облакот. Тоа е исто така познат како пресуквач или циклон,[11] иако зборот циклон се користи во метеорологија во поширока смисла, да се однесува на која било циркулација со низок притисок. Торнадата доаѓаат во многу форми и големини, но обично се во форма на видлива збиена инка, чиј тесен крај ја допира земјата и често е опкружена со облак од остатоци и прав. Повеќето торнада имаат брзината на ветровите помалку од 177 км/ч, се со пречник од околу 80 м и патуваат неколку милји (неколку километри) пред расфрлање. Најекстремните торнада може да ја достигнат брзината на ветровите од повеќе од 300 mph (480 км/на час), се протегаат повеќе од 3 км и ќе останат на земјата за десетици милји (можеби повеќе од 100 км).[12][13][14]
Познати историски торнада вклучуваат:
Пожарите обично се големи и почнуваат на диви површини. Чести причини за пожар се молња и суша но исто така и од човечко невнимание или подметнување пожар. Тие може да се прошират до населени области и затоа може да бидат закана за луѓето и имотот, како и за дивите животни.
Значајни случаи на пожари беа пожарот во Пештиго во 1871 г., каде што загинаа најмалку 1700 луѓе, и во 2009 г. пожарите во Викторија, Австралија.
Епидемија е појава на грчевита болест што се шири низ човечката популација. Пандемија е епидемија што се шири на глобално ниво. Постојат многу епидемии во текот на историјата, како Црната смрт. Во последните сто години, значителен пандемии вклучуваат:
Други болести кои се шират поспоро, но сè уште сметаат за глобални здравствени итни случаи од страна на СЗО, вклучуваат:
Најголемиот ударен настан од небо во денешни времиња е падот на метеор што ја предизвикал Тунгуската експлозија во јуни 1908 г.
Сончев одблесок е појава каде што сонцето одеднаш ослободува голема количина на сончево зрачење, многу повеќе отколку нормално. Некои познати сончеви одблесоци вклучуваат:
Експлозијата на гама-зраците се најмоќните експлозии што се случуваат во универзумот.[се бара извор] Тие ослободуваат огромна количина на енергија во милисекунди или барем десет секунди.[се бара извор] Тие ослободуваат исто или поголема енергија од Сонцето што ослободува целиот свој живот.[се бара извор] Експлозиите на гама-зраци не се настани што се случуваат ретко.[се бара извор] Тие се случуваат еднаш во секој ден и се откриваат со помош на телескопи и на Земјата и во вселената.[се бара извор] Претежно големи маси на ѕвезди, поголеми од Сонцето, може да произведат експлозија на гама-зраци. Експлозија на гама-зраци на растојанија поблиску од 8000 светлосни години може да предизвика загриженост за животот на Земјата. Главно Волф-Рајеови ѕвезди WR 104 може да произведат експлозија на гама-зраци. Астрономите веруваат дека Ордовишкото-силурско изумирање, како третото најдеструктивно исчезнување на Земјата, би можело да се должи на експлозија на гама-зраците.[се бара извор]
Меѓународното право, на пример Женевската конвенција го дефинира Меѓународниот Црвен крст и Движењето Црвена полумесечина на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, бара "членки ќе ги преземат, во согласност со нивните обврски според меѓународното право, вклучувајќи го и меѓународното хуманитарно право и меѓународните закони за човекови права , сите неопходни мерки за да обезбедат заштита и сигурност на лицата со хендикеп во ситуации на ризик, вклучувајќи ја и појавата на природна катастрофа."[18] И понатаму Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања е формирана од страна на Резолуцијата на Генералното собрание 44/182. Раселени лица поради природни катастрофи во моментов се заштитени со меѓународното право (Водечки принципи на меѓународното поместување, Конвенцијата Кампала од 2009 година).</ref>
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.