From Wikipedia, the free encyclopedia
Социјалистичка Автономна Покраина Косово (српскохрватски: Socijalistička Autonomna Pokrajina Kosovo, Социјалистичка Аутономна Покрајина Косово, албански: Krahina Socialiste Autonome e Kosovës), или кратко САП Косово (Латиница: SAP Kosovo), била една од двете социјалистички автономни покраини на Социјалистичка Република Србија од 1963 до 1990 и една од федералните единки на Социјалистичка Федеративна Република Југославија од 1974 до 1990. Нејзин главен град бил Приштина. Беше претходник на современото Косово.
Socijalistička Autonomna Pokrajina Kosovo Социјалистичка Аутономна Покрајина Косово Krahina Socialiste Autonome e Kosovës Социјалистичка Автономна Покраина Косово | |
---|---|
Федерална единица на
Социјалистичка Федеративна Република Југославија | |
Знаме |
Грб |
Главен град | Приштина |
Официјален јазик | српскохрватски и албански |
Основана | 1974 |
Во СФРЈ: - Од - До |
1974 1990 |
Површина - Вкупно - Вода |
10.686 км² ? |
Население - Вкупно - Густина |
(СФРЈ) 1.584.441 183.1/км2 км² |
Парична единица | Југословенски динар |
Часовен појас | UTC+1 |
Портал СФРЈ | |
Називот Косово потекнува од зборот кос, кој значи црна птица, додека Метохија од зборот метох, со кој се наречени црковните имоти. На Косово Поле во 1389 година се одиграла Косовската битка, во која Србите доживеале пораз од најмоќната турска војска. Меѓу 1459 и 1912 година, Косово беше во составот на Отоманското Царство. Од 1912 година Косово беше во составот на Кралството Србија, а од 1918 во состав на Кралството СХС.
По краткотрајната Априлска војна, Косово во 1941. е окупирано од Силите на Оската. Италија го окупирала Косово, како и деловите на Македонија и Грција која ги приклучила под Голема Албанија, која беше италијански протекторат.
Партизанското востание, под раководството на КПЈ, на Косово се развиваше побавно за разлика од другите краеви на Србија и Југославија, поради големите репресии, тешкиот живот под италијанската окупација, одведувањето во логори и принудна работа.
Цело време на војната албанските маси не сакаа да се активираат во народноослободителна организација, па во тие услови, поради непријателскиот став кон Југославија, фронтот против окупаторот на Косово беше лишен од масовна база, кој ги имал во другите делови од земјата. Дури во есента 1941. година се формира Главен штаб на НОВ и ПО на Косово и Метохија, Првиот албански НОП одред „Зејнел Ајдини“ и Шарпланинскиот НОП одред.
Од април 1943. на Косово се наоѓаше делегат на Врховниот штаб и Централниот комитет на КПЈ Светозар Вукомановиќ Темпо, при што е направен голем напредок во организирање на вооружена борба против окупаторот. Во ноември 1943. година е формирана Првата македонско-косовска бригада.
Иако војната била завршена во 1945. година, на просторот на Косово и во западна Македонија, сè до 1952. година, делувале групи од разбиените балисти (остатоци од албанските окупациски сили). Во борбата во Косово против нив учествувале единиците на ОЗНА и УДБА кои најчесто во поединечни борби ги разбиле остатоците од балистите, додека одреден број од нив се извлекол и сокрил во странство.
По завршувањето на војната, Косово и Метохија беше вратено во Југославија, и влегува во состав на Народна Република Србија. Автономната Косовско-Метохиска Област (АКМО) официјално е прогласена на 10 јули 1945.[1] година, а данешните граници областа ги добила во 1959. година со проширување на север, кога делови од Општина Рашка беа додадени на областа како делови од општината Лепосавиќ (денешно Северно Косово).
Во април 1963. година, АКМО беше подигната на ниво на покраина, постанувајќи Аутономна Покрајина Косово и Метохија. Во ноември 1968. година името на покраината е променето во Социјалистичка Автономна Покраина Косово, каде името Метохија е одземено од називот. Меѓу 1974. и 1989. година, Косово и Метохија фактички имаше статус на федерална единица во СФРЈ, иако формално и понатаму беше дел од Србија.
Иако албанското национално малцинство имаше широк степен на автономија, доаѓаше до чести немири на Косово (како и во албанско населените подрачја во Македонија т.е Тетово), посебно во 1968 и 1981 година, кога започна и првото јавно изнесување на барањето Косово да стане република во склоп на СФРЈ, потоа и за независност на Косово, како и припојување кон Албанија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.