Тајландски сончев календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тајландски сончев календар (тајландски: ปฏิทินสุริยคติcode: th is deprecated , мак. тр. патитин суријакати, „сончев календар“) — календар усвоен од кралот Чулалонгкорн (Рама V) in 1888 г. н.е. како сијамска (тајландска) варијанта на грегоријанскиот календар. Воведен е како замена за дотогашниот тајландски месечев календар како службен во државата, иако стариот и понатаму се употребува за верските и народните празници. Годините денес се сметаат по будистичката ера (б.е.) พุทธศักราช, พ.ศ.code: th is deprecated , (путасакарат), кој е 543 години понапред од нашата ера (по Христа).