From Wikipedia, the free encyclopedia
Томас Милер (германски: Thomas Müller) — германски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Бајерн Минхен и на германската репрезентација
Томас Милер | |||
---|---|---|---|
Милер во настап за Германија во 2012 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Томас Милер[1] | ||
Роден на | 13 септември 1989[1] | ||
Роден во | Валхајм, Западна Германија | ||
Држава | Германија | ||
Висина | м[2] | 1,86||
Позиција | среден ред, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бајерн Минхен | ||
Број | 25 | ||
Младинска кариера | |||
1993–2000 | ТСВ Пахл | ||
2000–2008 | Бајерн Минхен | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008–2009 | Бајерн Минхен II | 35 | (16) |
2008– | Бајерн Минхен | 284 | (104) |
Репрезентација ‡ | |||
2004–2005 | Германија 16 | 6 | (0) |
2007 | Гермнаија 19 | 3 | (0) |
2008 | Гермнанија 20 | 1 | (1) |
2009 | Германија 21 | 6 | (1) |
2010– | Германија | 85 | (37) |
Роден е на 13 септември 1989 година во Вајлхајм, град во Јужна Баварија.
Милер му се приклучил на Бајерн Минхен во 2000, на само 10 години, и се развивал во Бајерновата фудбалска школа. За резервната екипа на Бајерн, Милер го направи своето деби во март 2008 година против SpVgg Unterhachin. Во дебито постигна гол и одигра два натпревари во сезоната 2007-08, пред да биде повреден.
Наредната сезона Бајерновите резерви се квалификува за новоформираната 3. Лига и Милер стана еден од клучните играчи - настапи во 32 од 38 натпревари, постигна 15 гола и стана петтиот стрелец на сезоната. Загра и за првиот тим во пријателски претсезонски натпревари, а првиот Бундеслигашки настап го имаше на 15 август 2008 година против ФК Хамбург. Тој имаше три настапи во Бундеслигата таа сезона; а со тоа го направи своето деби во Лигата на Шампионите на 10 март 2009, влегувајќи во 72 минута, наместо Швајнштајгер, каде го победи ФК Спортинг 7:1. Го постигна последниот гол за Бајерн во тој натпревар.
Во почетокот на сезоната 2009/10 често играше во првата постава на Бајерн Минхен, додека во август 2009 е повикан во германската У-21 репрезентација, дебитирајќи со 3:1 победа против Турција.
Дебитирал за репрезентацијата во натпреварот против Аргентина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.